Керим: Македонија треба активно да учествува во меѓународни организации

Република Македонија треба да ги поддржува и активно да учествува во меѓународните организации како што се Обединетите нации, бидејќи тие можат позитивно да влијаат на стабилноста и безбедноста на малите земји. За Македонија треба да биде императив и членството во ЕУ и НАТО бидејќи тоа создава можност за поефикасно соочување на земјата со сите предизвици, смета поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН и поранешен шеф на македонската дипломатија Срѓан Керим.

- Македонија се вбројува во редот на мали земји, а такви се над половина од членките на ОН. Нејзините стратешки интереси налагаат, не само поради нејзината политичката позиција, туку и поради тоа што е мала земја, да ги поддржува и активно партиципира во меѓународните институции со цел нивно јакнење, бидејќи само на тој начин се врши позитивно влијание на стабилноста и безбедноста на малите држави и народи што е основата на секоја надворешно политичка доктрина па и на македонската, истакна Керим на предавањето што денеска по повод дваесетгодишнината од членството на Македонија во ОН го одржа на Правниот факултет во Скопје.

Додаде дека од стекнатото дводецениско искуство од членството на Македонија мора да се констатира воочливата разлика меѓу првата деценија во која земјата се појавува повеќе како конзумент на кризниот менаџмент на ОН, додека во текот на втората постепено и систематски се претвора во конструктивен чинител со активен продонес кон инструментите и политиката на оваа организација, придонесувајќи на тој начин кон афирмација на основните вредности на нејзината повелба.

Според него, членството на Македонија во ОН и помогнало во зачувувањето на мирот и стабилноста во периодот на распадот на поранешната Југославија, пред се, како што рече, со двете мисии на ОН во Македонија УНПРОФОР и УНПРЕДЕП во деведесеттите години.

За членството на Македонија во ОН, според Керим, значаен момент е и противењето на Грција тоа да биде сторено под уставното име, поради што земјава е примена во оваа организација под референцата Поранешна југословенска Република Македонија.

- Советот за безбедност кој е клучен кога се одлулува за нови членки беше ставен пред свршен чин да го прифати оспорувањето на уставното име на Македонија како пречка за членство во ОН, бидејќи заклучоците на ЕУ обврзуваа две од постојаните членки на Советот со право на вето да ја бранат и застапуваат позицијата на Грција, иако за тоа немаше правен основ, рече поранешниот шеф на македонската дипломатија.

Тој смета дека блокадата на приемот на Македонија во ОН под уставното име би била избегната доколку при распадот на СФРЈ се извршело раздружување на нејзините членки и формирање заедница од новонастанатите држави.

- Ова решение ќе овозможеше сукцесија и во однос на меѓународните организации. Да се одеше по тој пат Македонија немаше да биде конфронтирана со политички мотивирани пречки од Грција канализирани преку ЕУ, рече Керим.

Времената спогодба, која Македонија и Грција ја потпишаа за изнаоѓање решение за разликите околу името, според него, е единствен документ со кој се регулираат односите на двете земји. Прекршувањето на спогодбата од страна на Грција, додаде, го констатира и органот на ОН - Меѓународниот суд на правдата во Хаг, по што се постигнати неколку цели.

- Македонија доби дипломатска победа. Со огледа дека ова е еден од главните органи во ситемот на ОН таа одлука има референтен карактер на другите органи како Советот за безбедност, Генералното собрание и Гна Генералниот секретар, кој поттикнат од одлуката се ангажира во решавањето на спорот. НАТО и ЕУ, кои тесно соработуваат со ОН, не можат да ја игнорираат одлуката на Судот, рече Керим.

Тој додаде дека таквиот однос се чувствува на дипломатски план преку засилен притисок кон Грција вистински и сериозно да се посвети на преговорите. Самата Грција, според него, оглед што не ја признава одлуката бидејќи смета дека тој не е надлежен во случајот, имплицитно ја призна со понудата за меморандум за соработка. Сепак, вели Керим, не е реално да се очекува дека Советот ќе ги промени веќе заземените ставови по ова прашање, со што, според него, се потврдува непишаното правило за немешање во одлуките.


Пролетна модна ревија на домашни миленици

На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија.

Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.

Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

Украина соопшти дека во изминатата ноќ соборила 23 дронови лансирани од Русија

Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека синоќа соборила 23 од вкупно 24 дронови камикази лансирани од Русија на територијата на Украина.

Соопштението било објавено на социјалната мрежа Телеграм од украинските воздухопловни сили.

Оттаму посочија дека беспилотните летала биле лансирани од територијата на Курската област во Русија и Крим. Се додава дека воздушниот напад бил одбиен, а беспилотните летала биле соборени над регионите Харков, Херсон и Дњепропетровск, забележува Укринформ.

Јокиќ: Минесота е одличен и талентиран тим, ќе се бориме до крај

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ изјави дека Минесота е голем и талентиран тим, но истакна дека Нагетс ќе се борат за пласман во следната фаза од плејофот во НБА лигата, пренесуваат американските медиуми.

Минесота вечерва го победи Денвер со 106:99 и поведе со 1:0 во полуфиналето од плејофот на Западната конференција на НБА.

-Тие се одличен тим, талентирани. Покажаа зошто беа први на табелата во поголемиот дел од оваа сезона, изјави Јокиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Српскиот ас на прес-конференцијата се пошегува кога го прашаa што треба да се поправи и што да прави бидејќи играчите на Минесота постојано му се менувале во одбрана.

-Би сакал да имам клон, знаеш, да излезам да одморам и тој да игра. Потоа се враќам свеж. Ми ставија високи играчи, добри скокачи, дефанзивци... Беа агресивни. Јас сум среќен со ударите што ги упатив, некои не, но тоа е кошарката, ќе се обидеме да ги победиме во следниот натпревар, додаде Србинот.

притисни ентер