Казахстан на референдум се изјаснува дали да ја гради првата нуклеарна централа

Казахстан веќе увезува електрична енергија, најмногу од Русија, бидејќи сопствениот капацитет за електрична енергија не може да ја задоволи домашната побарувачка. 

Казахстан денеска на референдум се изјаснува дали да ја гради својата прва нуклеарна централа, идеја предложена од владата на претседателот Касам-Жомарт Токаев, додека оваа централноазиска земја се обидува да се оддалечи од загадувачките електрани на јаглен, јавуваат британските медиуми.

Меѓутоа, владината идеја наиде на јавна критика поради придружните ризици, спомнувањето на советските нуклеарни тестови и загриженоста дека Русија може да биде вклучена во проектот.

„Дојдов до заклучок дека одлуката за изградба на нуклеарна централа со помош на (руската државна корпорација) Росатом е веќе донесена (од Токаев), а жителите на Казахстан се поканети на гласање за да ја „запечатат“ одлуката со нивните гласови“, напиша популарниот блогер Вадим Борејко.

И покрај значителните резерви на природен гас, централноазиската држава со 20 милиони жители за своите енергетски потреби најмногу се потпира на електраните на јаглен, дополнително со неколку хидроцентрали и растечкиот сектор за обновлива енергија.

Казахстан веќе увезува електрична енергија, најмногу од Русија, бидејќи сопствениот капацитет за електрична енергија не може да ја задоволи домашната побарувачка. /МИА

Анчелоти за повредата на Карвахал: Во соблекувалната има нервоза и тага

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги кажа деталите за повредата на одбранбениот фудбалер Дани Карвахал, која ја доби на крајот од синоќешниот натпревар од 9. коло на Ла Лига против Виљареал (2:0).

- Карвахал е сериозно повреден. Многу ни е жал. Докторот ми кажа дека го повредил коленото. Во соблекувалната владее нервоза и тага. Се случи нешто што не требаше да се случи. Ова често се случува поради густиот натпреварувачки календар. За жал, ова се случи со многу важен играч за нас, изјави Карло Анчелоти на прес-конференцијата по натпреварот.

Триесет и двегодишниот Шпанец ги скина вкрстените лигаменти на десното колено по дуел со противнички играч за време на судиското надополнување и заврши на тревата. Теренот го напушти на носилки./МИА

„Франција во светлина“ – спектакл на „Бела ноќ“ во Скопје

Да патуваме и сонуваме и секој да ја отсонува својата приказна. Тоа е пораката која на 20-то издание на „Белата ноќ“ во Скопје ја испрати француската театарска трупа „Кидам“.

Пеформансот насловен како „Сонот на Ербер“ предизвика големо внимание кај јавноста, а започна од Музејот на Град Скопје.

Пет луѓе, трансформирани во џиновски фигури продефилираа по улица Македонија, предизвикувајќи насмевки кај присутните, а најмногу кај децата

Потоа, тие кратко време се задржаа на плоштадот „Македонија“, и прегрнувајќи ги уличните канделабри. Веднаш после тоа, се упатија кон плоштадот „Карпошово востание“ преку Камениот мост.

Таму, следуваше главниот магичен ритуал и преку музика, фигурите овозможија една ѕвезда да се издигне на небото.

Директорот на Францускиот институт во Скопје, Иго Бештел не го криеше задоволството што „Кидам“ се претставиле пред скопската публика.

Голем дел од присутните со насмевка го проследија перформансот. Велат, не очекувале ваков ритуал и посакуваат вакви настани да има што почесто во земјава во иднина.

-Убаво, убаво. Навистина интересна точка. Не очекував дека вакво нешто ќе се случи тука. Прекрасно изненадување, морам да кажам.

Инаку, француската театарска група „Кидам“ е основана во 1994 година, а имаат повеќе од 150 настапи годишно во повеќе земји. Во групата членуваат 27 уметници и техничари.

Спектаклот „Сонот на Ербер“ беше еден од дваесетина настани што синоќа се одржуваа на повеќе локации во Скопје во рамките на „Бела ноќ“.

Инаку, настанот го организираше Францускиот институт во Скопје по повод 50 години од своето постоење.

Изет Меџити даде отчет за сто дена Влада

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска даде отчет за сработеното во стоте дена Влада. 

На новинарско прашање кажа дека борбата против загадениот воздух е приоритет број еден.

притисни ентер