Карвахал: Се обидовме да го убедиме Крос да остане

 Дефанзивецот на Реал Мадрид, Даниел Карвахал зборуваше за обидите да се убеди Тони Крос да го одложи своето пензионирање.

-Се обидовме да го убедиме Тони да остане, но тоа е тешко. Знаеме каков е неговиот менталитет, колку е цврст во сите негови одлуки. Среќни сме поради него и целосно го поддржуваме доколку тоа е она што тој навистина го сака, изјави Карвахал за „Madrid Zone“.

Во вторник, 21 мај, се дозна дека 34-годишниот Германец нема да го продолжи договорот со Реал и ќе се повлече од фудбалот по Евро 2024 година.

Заедно со Реал Мадрид, Крос четири пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати триумфираше во шпанската Ла Лига, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на УЕФА.

Претходно, Крос играше и за Баер Леверкузен и Баерн Минхен.

Ли: Австралија треба да ги остави настрана несогласувањата со Кина

Премиерот на Кина, Ли Кечијанг денеска вети нова двојка џиновски панди за зоолошка градина и ја повика Австралија да ги остави настрана несогласувањата со Пекинг.

Ли доцна синоќа пристигна во главниот град на сојузната држава Западна Австралија, Аделаида. Во Западна Австралија се произведува најголемиот дел од австралиското вино извезено во Кина, откако во март беа укинати царините, поради кои беше прекината трговијата во 2020 година.

Посета на Ли во Австралија е фокусирана на дипломатијата на пандите, обновувањето на трговските и дипломатските врски откако Кина ги рестартираше односите во 2022 година. Билатералните односи помеѓу Пекинг и Канбера беа нарушени за време на деветгодишното владеење на претходната конзервативна австралиска администрација.

Шефицата на австралиската дипломатија, Пени Вонг истакна дека посетата на Ли е резултат на „двегодишната многу фокусирана и трпелива работа на оваа влада за стабилизирање на односите и отстранување на бариерите во трговијата“.

- Ќе соработуваме кога можеме, нема да се согласуваме кога треба и ќе работиме на заштита на нашите национални интереси, посочи Вонг.

Ли синоќа по пристигнувањето во Австралија потенцира оти односите помеѓу Кина и Австралија по период на подеми и падови се вратиле на правиот пат.

- Историјата докажа дека заемното почитување, барањето заеднички јазик и ставањето настрана разликите, како и заемно корисната соработка се вредни искуства во развојот на кинеско-австралиските односи, наведе Ли.

Додека премиерот на Австралија, Ентони Албанез најави дека со Ли ќе разговара за неодамнешните судири меѓу воените сили на двете земји во Јужно Кинеско Море и Жолто Море.

Ли во Австралија допатува од Нов Зеланд, а неговата турнеја низ регионот ќе заврши во Малезија.

Зеленски: Путин нема да стави крај на војната

 Киев утре ќе одржи мировни преговори со Русија ако Москва се повлече од целата украинска територија, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски по завршувањето на дводневната мировна конференција во Швајцарија.

- Но, Владимир Путин нема да стави крај на војната. Затоа, мораме да го спречиме со какви било средства, било воени или дипломатски. Западната помош не беше доволна за да се добие војната, но самитот покажа дека меѓународната поддршка за Украина не слабее, посочи Зеленски.

Прво реми на ЕУРО2024, Данска и Словенија одиграа 1-1

Данска и Словенија го одиграа вечерва првиот натпревар на ЕВРО2024 кој заврши без победник, ремизирајќи 1-1 во воведниот натпревар во групата Ц.

Данска, на дуелот во Штутгарт кој од трибините го следеа 60.449 гледачи, поведе во 17 минута со голот на Ериксен.

Словенија избегна стартен пораз во групната фаза со голот на Јанжа во 77 минута.

Првото коло во групата Ц ќе биде комплетирано вечерва со дуелот меѓу Англија и Србија.

притисни ентер