Карлеуша: Се согласувам со вас, грда сум !!

Српската пејачка Јелена Карлеуша објави нова фотографија на социјалните мрежи со интересен коментар.

Популарната Џеј Кеј напиша дека на фотографијата е без шминка и дека знае дека многумина имаат спротивставено мислење кога е во прашање нејзиниот изглед.


- Многу од вас ми пишуваат и бараат од мене на се сликам без шминка. Велат дека сум многу грда без „ едно кило“ шминка: јас се сложувам со нив. Грда сум. Еве погледнете. Јас сум најгрдата. Но кога моите ќерки ќе ме прегрнат и кажат мамо ти си најубавата на светот , сфаќам колку сум среќна жена, заклучува Карлеуша.

Десетици загинати и ранети во нападот на израелските сили врз Џабалија и Рафа

Израелски војници и тенкови денеска влегоа во северните делови на Појасот Газа кои ги заобиколуваа повеќе од седум месеци, убивајќи и ранувајќи десетици Палестинци, соопштија медицински претставници и жители.

Израелските сили, исто така, зазедоа дел од теренот во Рафа, јужен град во близина на египетската граница, кој е преполн со раселени луѓе.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили продолжиле да дејствуваат во областите низ Појасот Газа, вклучително и Џабалија и Рафа, спроведувајќи, како што ИДФ ги нарече, „прецизни операции против терористите и инфраструктурата“.

„ИАФ (Воздухопловните сили) продолжуваат да дејствуваат во Појасот Газа и нападнаа над 70 терористички цели во текот на изминатиот ден, вклучително складишта за оружје, локации во воената инфраструктура, терористи кои претставуваа закана за војниците на ИДФ и воените комплекси“, се наведува во соопштението на израелската армија./МИА

Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче

Во делчевското село Вирче пронајдена е стара неексплодирана граната. Случајот е пријавен од жител на селото кој експлозивната направа ја пронашол во својот двор. 

-Во Пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, на 17.05.2024 во 19.50 часот пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната, се вели во информацијата од делчевската полиција.

Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Зеленски: Вооружените сили на Украина го одбија рускиот напад врз Часов Јар

Вооружените сили на Украина го одбија рускиот напад врз градот Часов Јар и уништија повеќе од 20 единици со оклопни возила на непријателот, рече претседателот на Украина, Володимир Зеленски во вечерното видео обраќање.

„Не забораваме и на другите правци на битките, освен на Харков: Краматорск, Покровски, Кураково, јужните правци - каде и да е тешко нашите сили му пружаат достоен отпор на окупаторот. Особено им благодарам на момците кои го одбија рускиот напад на Часов Јар. Нашите војници уништија повеќе од 20 оклопни возила на окупаторот“, истакна Зеленски.

Тој потсети дека денеска се одбележуваат 80 години од депортацијата на кримскотатарскиот народ./МИА

притисни ентер