Кандидатот за еврокомесар за правда од Белгија е осомничен за корупција

Белгискиот кандидат за еврокомесар , министерот за надворешни работи , Дидие Рејндерс , е соочен со прелиминарна истрага во врска со перење пари во ДР Конго , објавија белгиските медиуми.

Овие обвиненија беа изнесени од поранешен член на белгиската разузнавачка служба, објави во саботата белгиското државно обвинителство, одбивајќи да открие повеќе детали.

Рејндерс денес беше недостапен за коментар, а ниту неговата канцеларија. Истрагата е во многу рана фаза, но се случува во време кога тој се обидува да стане европски комесар надлежен за судството.

Рејндерс е член на белгиското движење за либерални реформи во Франкофонијата (МР). Тој работел како министер за финансии од 1999 до 2011 година и од 2011 до 2019 година како министер за надворешни работи. Со заминувањето на Шарл Мишел, кој ќе ја презеде функцијата претседател на Европскиот совет од 1 декември, белгиските франкофонски либерали изгубија двајца од најважните политичари.

Кандидатите назначени за комесари треба да поминат сослушувања пред релевантните комитети на Европскиот парламент, што започнуваат на 30 септември.

Ако на сослушувањето еден од кандидатите не ги задоволи пратениците, новоизбраниот претседател на Европската комисија може да побара кандидат за замена или да ризикува и да оди на пленарното гласање со можност целиот тим да падне. Европскиот парламент на пленарната седница , може да го отфрли целиот состав на Комисијата, но не може да издвои одредени назначени комесари.

Синот на Шерон Стоун стана актер

23 годишниот Роан Џозеф Стоун тргна по актерските стапки на својата славна мајка, холивудската ѕвезда Шерон Стоун.

Сексапилната актерка не го криеше задоволството што нејзиниот наследник стана актер, пишува Daily Mail.

Шерон Стоун воодушевене од новиот ангажман на синот на интернет објави фотографија од Роан.

"Роан Џозеф Стоун. Прв ден на снимање. Добре дојдовте во семејниот бизнис, дете. Забавувајте се", напиша гордата мама.

Честитки дојдоа од сите страни. Обожавателите напишаа дека е убав и едвај чекаат да го видат на големите или малите екрани.

Да потсетиме дека Шерон го посвои Роан со нејзиниот поранешен сопруг Фил Бронстин во 2000 година.

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

притисни ентер