КАМПАЊА ЗА ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА: „ PUMPED WITH ENERGY (ИСПОЛНЕТА СО ЕНЕРГИЈА) – OPEL MOKKA ELECTRIC“

"Pumped with energy (Исполнета со енергија) – Opel Mokka Electric!" Ова е тврдењето на новата европска кампања на Opel за најпродаваниот електичен SUV на „Blitz“. 

• Полна со енергија: Mokka Electric „го заведува“ кабелот за полнење кој „танцува“

• Привлекува погледи: смел и елегантен дизајн на SUV бестселер моделот кој воодушевува

• Заклучок: Jung von Matt создаде извонредна рекламна кампања од 360°

"Pumped with energy (Исполнета со енергија) – Opel Mokka Electric!" Ова е тврдењето на новата европска кампања на Opel за најпродаваниот електичен SUV на „Blitz“. Opel Mokka е смела, елегантна и пред сè: електрифицирана. Mokka Electric не само што овозможува одговорно уживање при возењето со нула емисии, исто така висински привлекува погледи. Буди емоции и чувството „го сакам“. И исто како и Mokka Electric, клипот и сите придружни дигитални и печатени формати се издвојуваат. Бидејќи „ѕвездата“ покрај самата Mokka Electric, е светло жолт кабел за полнење што оживува кога ќе наиде на привлечниот SUV.

„Opel е прогресивен бренд – фокусиран на најважното. Ја водиме електрификацијата напред за да им овозможиме на нашите клиенти да уживаат при возење без емисија и инспиративна, привлечна мобилност. Сето ова е отелотворено во нашиот неверојатен SUV модел – Opel Mokka Electric – и совршено се одразува во новата кампања, каде што дури и кабелот за полнење е заведен од моделот. Можете да ја почувствувате енергијата што ја зрачи овој автомобил. И не само на ТВ, исто е во сите медиумски формати. Со своите перформанси, најсовремена технологија и дизајн, Opel Mokka Electric е исполнета со енергија!“, изјави Rebecca Reinermann, потпретседател за маркетинг на Opel.

“Pumped with energy” (Исполнета со енергија): Opel Mokka Electric го заведува кабелот – „кобрата за полнење”

Кампањата се одвива во живо низ Европа од 15 мај во различни медиумски формати. Во клипот, кој сега се емитува на главните ТВ канали, кабелот за полнење се лизга околу Mokka Electric како кобра, очигледно фасциниран од компактното, неконвенционално електрично возило на Opel. Прво, кабелот нежно се лизга преку смелиот и елегантен капак на мотор, а потоа ја проверува внатрешноста со целосно дигиталниот кокпит Pure Panel. Конечно, се отвора вратичката за полнење. “Chrging cobra” („Кобратa за полнење“) не покажува двоумење и се впушта да ја снабди Mokka Electric со енергија.

Daniel Schweinzer, извршен креативен директор на Jung von Matt HAVEL, изјави: „Многу брендови на автомобили практично ги кријат електричните кабли во нивната комуникација. Со нашата кампања за Mokka, го правиме спротивното: покрај главниот лик го истакнуваме и кабелот како симбол на електричната мобилност. И, се разбира, кабелот е веднаш заведен од Mokka - очигледно еден од најатрактивните електрични автомобили на пазарот“.

Јасна изјава: вредностите на брендот и карактеристиките на Mokka Electric накратко

Mokka беше првиот модел на Opel кој го носеше лицето на брендот Opel Vizor и Pure Panel кокпитот. И тоа беше првото возило во портфолиото на германскиот производител на автомобили кое беше достапно како електрична верзија уште од самиот почеток. Со тоа го отвори патот за понатамошните модели на Opel и столбовите на брендот – Modern German (Модерен германски дух), Greenovation и Detox (Детокс). Исто така, ужива постојана популарност и стана бестселер низ Европа. Минатата година целосно електричната верзија веќе сочинуваше 29 % од целата продажба на Mokka. Во Германија тој број беше уште поголем и изнесуваше 43 %.

Автомобилот е буквално полн со енергија - а одговорните во агенцијата Jung von Matt HAVEL, кои работат за Opel од почетокот на годината, сумираа што го карактеризира брендот и особено Mokka Electric во нивната прва кампања за производителот на недвосмислен, емотивен и допадлив начин.

Искусете ја Mokka Electric: на сите канали

Тврдењето „ Pumped with energy (Иполнета со енергија) – Opel Mokka Electric“ може да се види низ Европа на сите популарни канали: покрај ТВ-рекламирањето, Opel користи големо, дигитално рекламирање „надвор од домовите“, во градовите за да го привлече вниманието кон новата кампањата и Mokka Electric. Покрај тоа, видеата, рилсовите и слично ќе ја рашират веста на социјалните мрежи и другите дигитални канали. И, се разбира, рекламите со голем формат ќе се појавуваат во високо тиражните печатени медиуми.

Добитникот на наградата „Златен управувач 2021“ не само што ги привлекува погледите со својот смел, елегантен дизајн - тој импресионира и со своите перформанси. Електричниот мотор со 100 kW/136 КС и 260 Nm максимален вртежен момент овозможува моќно и тивко возење. Со батеријата од 50 kWh може да поминете до 338 km без емисија на штетни гасови според WLTP. Регенеративниот систем за сопирање ја прави Mokka Electric уште поефикасна. Ова овозможува да се поврати енергијата при возење или сопирање. А батеријата може да се наполни до 80 проценти за околу 30 минути користејќи станица за полнење со директна струја од 100 kW.

Сообраќаен хаос во Клиничкиот центар во Скопје

Вакво е секојдневието во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Колони возила, свирежи и нервозни граѓани. Огромниот сообраќаен хаос за влез во клиниките е најизразен во утринските часови.

Ова е проблем со кој се соочуваат граѓаните години наназад и движењето низ клиниките е исклучително отежнато.

-И покрај тоа што во Клиничкиот центар има паркинг, се чини дека тој не е доволен да ги собере сите возила. Дел од нив се паркираат и на лентата за возилата за Брза Помош.

А токму несоодветно паркираните возила дополнително го заглавуваат сообраќајот низ клиничкиот центар.

Луѓето што ги анкетиравме се разочарани за целиот сообраќаен хаос што се случува во клиничкиот центар. Велат – ем плаќаат паркинг, ем губат време, ем не завршуваат работа.

Клиничкиот центар во Скопје располага со над 900 места за паркинг, а нови 600 предвидува новиот детален урбанистички план кој во февруари годинава го донесе Општина Центар. Сепак, и ова е мала бројка бидејќи според провен ките дневно во Клинички влегувата околу 5000 возила.

Иако низ годините помпезно од речиси сите министри беа најавувани брзи решенија за надминување на хаосот на Клинички, досега ништо од ветеното не е реализирано.

Државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба

Државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез

Државјанин на Македонија, кој издржувал затворска казна, но по добиената неколкудневна дозвола за излез пред три месеци, не се вратил во затвор, уапсен е во централниот дел на Пелопонез по извршена кражба во дом заедно со уште едно лице, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за 45-годишен маж со „богато“ криминално досие во Грција, а во грчките медиуми и во минатото се споменуваше, но и сега дека учествувал во киднапирањето на бродосопственикот Периклис Панагопулос, во јануари 2009 година.

Како што соопштија од грчката полиција, двајцата, сега веќе уапсени странски државјани, вчера наутро насилно влегле во дом во општина Триполи на Пелопонез, под закана со оружје (реплика) и нож и со употреба на сила нападнале три лица, ги врзале, одзеле поголем износ на пари и накит, а потоа побегнале.

Едниот веднаш бил уапсен, додека пак другиот успеал да побегне, но по организираната акција на полицијата бил пронајден во планинско подрачје.

Двајцата се товарат за учество во криминална организација, кражба, фалсификување, фалсификување потврди, за прекршување на законската регулатива за поседување оружје, додека пак 45-годишниот е обвинет и за бегство од затвор.

Уапсените се превезувале со изнајмен автомобил на кој му ставиле украдени регистарски таблици, а при претресот на возилото било откриено оружјето, како и фалсификувани лична карта и возачка дозвола изадени во Хрватска.

Кај двајцата биле пронајдени и украдените пари и накитот.

-Како што беше констатирано, уапсениот 45-годишен маж од 25 јануари 2024 година ги прекршил условите за дозволата за излез што му беше доделена од Управата за затворот, соопштија од грчката полиција.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, едниот уапсен е Албанец, а другиот, 45-годишниот е државјанин на Македонија, кој издржува затворска казна за кражби на банки во Грција, извршени пред над десет години, а неговото име се споменува и во киднапирањето на грчки бродосопственик пред 15 години.

Најмалку 31 загинат и 20 ранети во израелскиот напад врз бегалскиот камп Нусеират

Во израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на Појасот Газа загинаа најмалку 31 лице, а 20 се ранети, соопштија денеска болницата Ал Акса и очевидци. 

Во соопштението на Цивилната одбрана се вели дека „тимовите на цивилната одбрана пронашле 31 мртво лице и 20 ранети лица во куќа на семејството Хасан кое било цел на израелските окупаторски сили во кампот Нусејрат“, додавајќи дека потрагата по исчезнатите продолжува.

Очевидци изјавија дека нападот бил извршен околу 3 часот по локално време. Израелската војска соопшти дека го проверува извештајот.

Официјалната палестинска новинска агенција објави дека меѓу ранетите има неколку деца и дека спасувачките екипи трагаат по затрупаните луѓе во урнатините.

Израелската војска вели дека спроведува само целни операции. /МИА

притисни ентер