Калевска Ванчева: Чулев преку кадри на Груевски се обидува да го реинсталира МВРО – ВМРО

Обидите за реинсталација или враќање на МВРО-ВМРО нема да успеат, СДСМ заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи.

Наместо да се посветат на обезбедување услови за фер и демократски услови, што треба да е клучна нивна заложба во преодната Влада, партиските министри на ВМРО-ДПМНЕ, секој ден продуцираат скандали и се обидуваат да инсталираат кадри од режимот на Груевски.

Министерот за внатрешни работи во преодната влада Наќе Чулев, за прв човек на СВР Скопје го предложи Ристе Ставревски.

Јавноста го памети Ристе Ставревски од политичките бомби како со Гордана Јанкуловска разговара за изборни измами во предизборен период, како тогашен нејзин советник во кабинетот.

Ставревски е инволвиран и во случајот „Титаник". На рочиштата за овој процес меѓу доказите биле и СМС преписки на Ставревски и Јанкуловска од кои се гледа како се подготвувале списоци за предизборни партиски вработувања, но и притисоци кон политички неистомисленици.

Освен што бил советник на Јанкуловска, Ставревски беше сведок на одбраната на Груевски во случајот на СЈО „Тенк" каде Груевски беше правосилно осуден на затворска казна.

Човек кој бил десна рака на Јанкуловска, а потоа го бранел криминалот на Груевски, не може да раководи со СВР Скопје – еден од најважните сегменти на МВР.

Почитувани,

Ваквите предлози уште еднаш потврдуваат дека Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се уште се во матрицата на ВМРО-МВРО, матрица на партизирана и злоупотребена полиција.

Одземањето на службените возила на обезбедувањето на премиерот покажува дека за Чулев најважни се колите а не безбедноста..

Освен одбрана на криминалот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат обнова на режимот, обнова на злоупотреба на институциите во партиски цели, обнова на репресијата и заплашување кон граѓаните.

Тоа што Мицкоски и неговите кадри во преодната Влада не се излезени од режимска и криминална матрица на Никола Груевски не мотивира дополнително.

СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволат враќање на ВМРО-МВРО.

На 12 април граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пати и нема да дозволат нови партиски злоупотреби на институциите, на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе.

Снежана Калевска Ванчева – пратеник од СДСМ

Израел бара од ИЦЈ да го отфрли барањето на ЈАР за повлекување од Појасот Газа

Претставникот на израелското Министерство за правда Гилад Ноам го оцени случајот на Јужна Африка, кој го обвинува Израел за кршење на Конвенцијата за геноцид како „целосно одвоена од фактите и околностите“.

Израел денеска пред Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) ја бранеше офанзивата врз Рафа, истакнувајќи дека дејствува во самоодбрана против борците на Хамас и побара од судијата да го отфрлат барањето на Јужна Африка да се нареди повлекување од Појасот Газа.

Претставникот на израелското Министерство за правда Гилад Ноам го оцени случајот на Јужна Африка, кој го обвинува Израел за кршење на Конвенцијата за геноцид како „целосно одвоена од фактите и околностите“.

ЈАР вчера побара од ИЈЦ да му нареди на Израел да ја прекине воената операција во Појасот Газа и веднаш да ги повлече трупите од енклавата.

Пред сослушувањето на Израел десетици произраелски демонстранти протестираа пред ИЈЦ, покажувајќи фотографии на заложниците кои Хамас ги киднапира на 7 октомври минатата година и побараа нивно ослободување.

Фото: Манекенка во супер провокативен фустан

Најпровокативното издание на убавата манекенка: И ова е фустан?

Прославата на 60-тиот роденден на реномираниот магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“ се одржа во хотелот Хард Рок во Њујорк, а многу познати ѕвезди не ја пропуштија можноста гордо да продефилираат во своите комбинации.

Покрај русокосата Кејт Аптон, на листата на гости на елитната забава се најде уште едно име од светот на модната индустрија. Станува збор за манекенката Брукс Надер, која за оваа прилика облече провокативен фустан кој покажува повеќе од потребното.

Убавата Брук на забавата на магазинот без проблем одлучила да го покаже своето голо тело, фустанот посебно не можел да ги покрие нејзините бујни голи гради.

„Тинекс“ го прослави 30-годишниот јубилеј на својата компанија.

На 16ти мај, со големо задоволство и гордост „Тинекс“ го прослави 30-годишниот јубилеј на својата компанија.

Пред три децении, кога првично ја отворија својата прва продавница во населбата „Карпош 3“, со само 15 вработени, малкумина веруваа дека ќе бидат компанија каква што се денес, но, со упорност, посветеност и визија успеаа.

Визијата на нивната компанија е да бидат ланец на маркети во кои луѓето ќе препознаваат квалитет, искрен однос, ќе сакаат да купуваат и да работат.

Нивната мисија е да бидат дел од секојдневието на потрошувачите, како најдобар ланец маркети во Македонија кој им нуди најголема вредност на потрошувачите, секојдневно надминувајќи ги нивните очекувања.

Сега, по 30 години, се на пат да ја надминат својата визија. Станаа синоним за силна, професионална и одговорна македонска компанија. Нивното семејство расте, нивните услуги и продукти се прошируваат, а нивната посветеност кон своите потрошувачи е сѐ посилна и поголема.

Тинекс им благодари на сите вработени, пријатели и соработници кои со својата посветеност и умешност го изградија „Тинекс“ од самите негови почетоци.

притисни ентер