Како Милан ја „избркал“ Северина: Имаш два дена ти и детето да се иселите од куќата!

Хрватските медиуми откриле со што Северина и Милан на суд ќе докажуваат кој е попогоден за одгледување на нивниот син Александар, објави 24sata.hr.

- Имаш два дена ти и детето да се иселите од куќата. Да не ве најдам кога ќе се вратим – е текстот на еден од доказите со кој Северина во претстојната судска постапка сигурно ќе докажува дека старателството над 18-месечниот син Александар треба да и припадне нејзе.
Милан Поповиќ таа порака ја оставил на масата откако се скарале во куќата во Србија. Тој потоа заминал на пат, а Северина се спакувала и со малиот Александар се вратила во Хрватска. Наводно со себе го понела и тоа парче хартија.

Правно, тоа е неспорен доказ за неговиот лош однос кон пејачката и детето. На Милан тоа ќе му биде голема отежнувачка околност во намерата за добивање заедничко старателство над синот, за што пред десет дена поднесе барање до Општинскиот граѓански суд во Загреб. Тоа го направи бидејќи Северина, како што тврди, не му давала да го гледа Александар, односно и доколку дозволила, тоа било под нејзини услови кои за Милан се неприфатливи. Негова желба е, порачал преку портпаролката Татјана Војтеховски, рамноправно да учествува во одгледувањето на синот.

Северина на блиските пријатели им рекла, дека на суд ќе оди до крај со аргументите кои Поповиќ не го прикажуваат во најдобро светло, а нема да се двоуми да ја изнесе и „валканата долна облека“ од нивната врска.

Укинат му е притворот на Жерар Депардје- две жени го обвинија за злоставување

Францускиот актер Жерар Депардје утринава бил повикан на сослушување под обвинение за сексуален напад, а потоа бил испратен во притвор во Третото одделение на париската полиција.

Францускиот актер Жерар Депардје утринава бил повикан на сослушување под обвинение за сексуален напад, а потоа бил испратен во притвор во Третото одделение на париската полиција, за да му биде укинат притворот доцна попладнево, соопшти париската полиција.

Две жени го обвинија Депардје за сексуални напади за време на две различни снимања.

Првиот пат во 2014 година, за време на снимањето на филмот „Волшебникот и сијамските близнаци“ на Жан-Пјер Моки, а вториот пат во 2021 година, за време на снимањето на „Зелените прозорци“ на Жан Бекер, пренесува парискиот дневен весник Фигаро.

Првата жалба ја поднела дваесет и четиригодишна помошничка на филмски сет во 2014 година.

Битиќи од Куманово: Со мултикултурализам,повисоки плати и пензии ќе го поразиме национализмот

„На парламентарните избори на 8-ми мај се одлучува за иднината на државата, Македонија е во прашање.“

„Ако дозволиме национализмот повторно да се врати, тогаш ќе се соочиме со унгарско сценарио, со изолација, враќање назад во грдото минато кога имавме заробена држава и поделено општество. Тоа е едната опција, а другата е патриотска, која нуди иднина за нашите млади и повисоки плати и пензии за граѓаните“, порача на денешните средби со жителите Куманово, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Потпретседателот на СДСМ, Битиќи истакна дека национализмот на ВМРО-ДПМНЕ е закана за ткивото на општеството, тој е опасност за европските перспективи на државата.

„ВМРО ДПМНЕ планира да го блокира напредокот кон ЕУ и со тоа да ја уништи надежта за подобра иднина, сакаат да стават крај на слободата на медиумите и повторно целосно да го узурпираат судството. За да го сокријат својот криминал и корупција нема да ги поштедат и меѓуетничките односи. Нив не ги интересира соживотот, немаат толеранција кон различните, во нивниот свет секој кој не е како нив е исклучен и дискриминиран“, рече Битиќи.

Меѓу другото, тој пред кумановчани повика на обединување на сите прогресивни сили, сите да застанат едни покрај други против ВМРО-ДПМНЕ, противникот на прогресот на државата.

„СДСМ е силна партија, подготвена да се бори за граѓаните и да ги обедини демократските гласови околу европската идеја. Нашата програма вклучува мерки за подобар живот, за соживот, за членство во ЕУ до 2030 година. Нашата програма е патриотска, а не националистичка, затоа што ние сме за повисоки плати и пензии, за мир, толеранција и меѓусебно разбирање,“ рече Битиќи.

Зборувајќи за изборната програма на СДСМ, Битиќи потсети дека патриотизмот на партијата може да се согледа во ветувањето граѓаните во наредните четири години да имаат рекорден износ на плати од 1.100 евра, додека минималната плата ќе биде 600 евра.

„Во нашиот патриотизам има место и за највозрасните, минималната пензија ќе изнесува 20.000 денари, додека просечната ќе се зголеми на 30.000 денари. Не се откажуваме ниту од младите, по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години, а тоа што го ветивме на економски план изминатите 7 години, тоа и го остваривме“, рече Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

Костадиновска – Стојчевска: Изборите не се завршени, ја сфативме пораката на граѓаните

Коносителката на изборната листа на СДСМ, за петтата единица, Бисера Костадиновска- Стојчевска, на гостувањето на емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, кажа дека изборите не се завршени.

Коносителката на изборната листа на СДСМ, за петтата единица, Бисера Костадиновска- Стојчевска, на гостувањето на емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, кажа дека изборите не се завршени и дека граѓаните испратиле порака во првиот изборен круг, но дека СДСМ како сериозна партија ја сфатил пораката.

„Изборите се уште не се завршени нас, имаме втор круг од претседателските избори и имаме парламентарните избори на 8 мај, што значи дека ништо не е завршено. Секоја порака која што ја праќаат граѓаните сериозно ја примаме, сериозно ја сфаќаме и ја земаме во предвид затоа што ние секогаш сме биле партија на страна на граѓаните. Во ниту еден момент не го изгубивме тлото и не работиме за тесни интереси, напротив, и претходната изборна програма, и новата програма за следниот мандат во центарот ги става граѓаните“- изјави Костадиновска- Стојчевска.

Таа ја потврди поддршката за претседателот Стево Пендаровски, како политичар кој ги дели социјалдемократските вредности и државните интереси. Очекува двојна победа затоа што граѓаните на 8 мај имаат голема шанса да изберат европска и просперитетна држава.

„Имаме реформулирање на пораките што ги праќаме до граѓаните, но главно остануваат големите резултати што ги постигнавме во изминатиот мандат и она што заедно ќе го направиме во иднина. Она што го сфативме е дека секогаш кога работиме за доброто на државата, кога како приоритет ги имаме државните интереси и стратешките определби, тогаш носиме долгорочни одлуки и нормално е дека не може сите да бидат задоволни. Важно е дека најголем дел од тие одлуки за покажаа како исправни за напредокот на државата“- образложи Костадиновска – Стојчевска, во емисијата “Само вистина“.

притисни ентер