Шкода наголемо подготвува нова генерација на својот водечки модел поврзан со Пасат. Како ќе изгледа Шкода Суперб во 2024 година?
На патиштата веќе може да се видат тест примероци скриени со „камуфлажа“. Некои од нив се уште ја немаат оригиналната каросерија, а некои користат компоненти од други модели.
Нема сомнеж дека новитетот ќе биде многу блиску до споменатиот Фолксваген. Со оглед на тоа дека автомобилската индустрија е во преоден период кој и претходи на целосната електрификација, новата Шкода Суперб ќе биде достапна и во верзија со мотори на внатрешно согорување, што ќе ги задоволи традиционалистите.
Со оглед на тоа што на европските патишта се наоѓаат само маскирани тест примероци, независните дизајнери се обидуваат да нè доближат до она што (можеби) се крие под камуфлажата.
Шпекулативните рендери на караванската верзија на следниот Суперб (со оглед на тоа што сестринскиот Пасат ќе има само караванска варијанта), чиј автор е добро познатиот Никита Чујко (kolesa.ru), изгледаат многу интересно, а времето ќе покаже колку се блиску се до оригиналот.
Се чини дека од предната страна е добро познатиот концепт.
Авторот предвидува дека стоп светлата ќе бидат поврзани со ЛЕД светлосна лента. Денес, тоа е модерно решение за многу производители.