Како италијанските доктори не го забележале човекот кој заразил најмалку 19 луѓе со коронавирус ?

Италијански ,,супер-пренесувач” на  коронавирус три пати бил во болница , но докторите му давале лекови за грип и го враќале дома, така што заразил најмалку 19 други лица, меѓу кои и неговата бремена сопруга .

Италијански ,,супер-пренесувач” на коронавирус, 38-годишниот маж познат само како „Матео“, ја заразил својата бремена сопруга, двајца лекари, една постара дама која на крајот починала , како и најмалку девет други лица затоа што не бил навремено тестиран за коронавирус, пишува Дејли Меил.

Матео, тркач на маратон, трипати отишол во болница во северниот италијански град Кодоњо во регионот Ломбардија со симптоми како грип, но само трет пат бил тестиран за коронавирус, што потоа му бил дијагностициран. Тој првиот пат бил испратен дома со лекови против грип, бидејќи медицинскиот персонал проценил дека нема шанси да има коронавирус затоа што не патувал во Кина.

Матео првпат се пожалил дека е болен на 14 февруари, а му бил дијагностициран коронавирус на 20 февруари кога развил пневмонија. Во тие шест дена, Матео го пренел вирусот на најмалку 13 лица. Меѓу нив е и неговата сопруга Валентина, пријателка со кого трча, двајца лекари, неговиот матичен лекар, три постари лица кои го запознале во локална кафуле и 77-годишна жена која на крајот починала од оваа болест.

Италијанецот отишол во болница на 15, 16 и 18 февруари, но бил испратен дома со лекови против грип, иако неговото здравје постепено се влошувало. На 19 февруари, Матео се разбудил во раните утрински часови поради отежнато дишење и потоа бил однесен во болницата од неговата сопруга каде било утврдено дека боледува од пневмонија. Неговата сопруга тогаш се сетила дека можеби имал контакт со пријател кој неодамна бил во Кина.

Според Правилникот за итни медицински случаи, воведен кон крајот на јануари, Матео требало да биде тестиран, изолиран и третиран како потенцијален носител на коронавирус, бидејќи имал симптоми поврзани со заразата, без оглед на фактот дека тој не патувал во Кина.

Сепак, дури и со неговата врска во Кина, им биле потребни на лекарите 36 часа да го тестираат Матео за коронавирус и да го изолираат. Во овој период, тој бил посетуван од бројни пријатели и членови на семејството во болница без заштитна облека и опрема. За тоа време, тој заразил најмалку осум члена на болничкиот персонал и пациенти, меѓу кои и 77-годишната жена, која починала од коронавирус минатата недела.

Медицинската состојба на Матео е сè уште сериозна, сепак тој сега е сместен во поликлиниката „Сан Матео“ во Павија, недалеку од Милано. Неговата сопруга се лекува во болницата Сако во Милано, но нејзиното здравје не е „загрижувачко“.

Се верува дека Матео е првиот случај на локално пренесување на вирусот во Италија. Тој очигледно бил заразен од пријателот кој се вратил од Кина на почетокот на февруари.

Италијанските обвинители моментално ги испитуваат болниците во Ломбардија за да утврдат дали пропустите во нив дозволиле коронавирусот толку брзо да се шири низ Италија.

Црната бројка сега изнесува 17 починати и 650 заразени со коронавирус во Италија.

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат 49 или повеќе часа неделно, најмногу во Грција

Во Европската унија во 2023 година, 7,1 отсто од вработените работеле 49 или повеќе часа неделно, што спаѓа во долго работно време, покажуваат податоците објавени од Евростат.

Од земјите на Европската унија најголем удел на работници со долго работно време има Грција, поточно 11,6 отсто, потоа Кипар со 10,4 отсто и Франција со 10,1 отсто.

Најмал удел на вакви работници е забележан во Бугарија, 0,4 отсто, како и во Литванија и Летонија, по 1,1 отсто.

Речиси една третина од самовработените или поточно 29,3 отсто од оваа категорија работат 49 или повеќе часа неделно, додека кај вработените овој процент е значително помал и изнесува 3,6 отсто.

Долгите работни часови најчесто се застапени кај квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството, како и кај менаџерите.

Како што пренесува порталот Статиста, вработените со полно работно време во Европската унија во првиот квартал од 2023 година работеле во просек по 40,4 часа неделно.

Истражителка на ОЈО Скопје за компјутерски криминал со меѓународно признание од ИЛЕА

Меѓународната академија за спроведување на законот (ИЛЕА) во Будумпешта додели признание за работата и постигнувањата на Марина Пешовска, истражителка за компјутерски криминал од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство Скопје.

Пешовска беше избрана како финалист во категоријата “оперативен успех” поради успешна примена на вештините за дигитална форензика во борбата против локалниот и транснационалниот сајбер-криминал.

Успехот на Истражниот центар го истакна и Амбасадата на САД во Скопје. “Американската амбасада е горд партнер на Основното јавно обвинителство Скопје во неговата борба против компјутерскиот криминал и промоцијата на одговорноста”, објави Амбасадата на САД во Скопје за признанието од ИЛЕА.

Пешовска е еден од 17-те истражители во Истражниот центар на ОЈО Скопје.

Истражниот центар е своевидно јадро на обвинителството и бројот на предмети во кои постапувале истражителите за една година е практично речиси удвоен – од 150 предмети во 2022 на над 280 предмети во текот на 2023 година. Истражителите самостојно преземаат голем број различни дејствија – прибирање документација, барања до институции, учествуваат при претреси и лишување од слобода на лица, а се ангажирани и во дејствија на меѓународна соработка со истражни органи од други земји.

Најголем дел од опремата за Истражниот центар на ОЈО Скопје е донација од Амбасадата на САД, соопштија од Обвинителството.

Данска ќе им дозволи абортус на малолетни девојчиња без согласност од родителите

Данската влада денеска соопшти дека жените во оваа скандинавска земја ќе имаат право да изберат да ја прекинат бременоста до крајот на 18-та недела од бременоста.

Досега границата за абортус во Данска беше 12 недели.

Данската министерка за внатрешни работи и здравство, Софи Лоде, рече дека „нема медицински докази за сегашната граница, а исто така нема ништо што сугерира дека ќе има значително повеќе абортуси или дека тие ќе бидат извршени многу подоцна ако ја подигнеме границата“.

Измената на законот треба да стапи на сила кон средината на 2025 година. Дополнително, на девојчињата на возраст од 15 до 17 години им се дава слобода да абортираат без родителска согласност или одобрение од специјалистичка комисија.

Данска беше една од првите западноевропски земји што на жените им даде право на абортус по сопствен избор.

Од 1973 година, бремените жени кои живеат во Данска можат да абортираат до крајот на 12-та недела без потреба да наведат причина и без надоместок на трошоците.

И после тоа, абортуси се можни под одредени услови, но потребно е одобрение од комисијата за абортус.

притисни ентер