Како финскиот модел на образование го посрамоти дури и тој во САД?

Една од најдобрите земји во светот кога станува збор за образованието е секако Финска, а се чини дека дури и САД би можеле да научат нешто од нив.

Зошто нивниот систем на образование е најквалитетен прочитајте во продолжение на текстот.

1. Не натпревар, туку соработка

Финска на време сфати дека натпреварите меѓу училиштата и децата, влијаат лошо врз учениците. Соработката го чини спротивното и наместо анимозитет, настануваат пријателства. Тоа е една од причините зошто во Финска не постојат приватни училишта. Секоја академска институција во земјата се финансира од јавниот фонд, а учителите се тренираат поединечно, а што е најважно родителите веруваат во државната институција.

2. Учителството е една од најценетите работи

Во Финска вработените во просветата не се малку платени како во САД. Всушност, нивната работа многу повеќе се почитува со оглед на тоа дека Финците сметаат дека квалитетното детство е најважниот темел за понатамошниот живот. За да станат учители или наставници, кандидатите мораат да имаат завршено мастер студии и да положат одредени државни, и што е најважно, персонализирани тестови.

3. Финска ги слуша истражувањата

Во САД, резултатите од студиите кои покажуваат што најмногу им оди во корист на учениците, а што не – најчесто завршуваат во нечија фиока. Во Финската таквите истражувања прво ги сослушува Министерството за образование и култура и веднаш реагира, па со време гледа дали промената се исплатела. Нормално, досега биле секогаш во право.

4. Финците не се плашат да експериментираат

Добрата работа во слушањето на истражувањата е во тоа што не се воздржувате да покажете заби. Во Финска учителите се охрабруваат да направат свои мини-лаборатории во кои можат да истражуваат заедно со своите ученици, на кои таквиот начин на учење им е далеку поинтересен од теоријата.

5. Времето за игра е светост

За разлика од САД каде времето за играње се повеќе се скратува, финскиот закон наложува дека детето после 45 минути час мора да има обврзувачки 15 минути одмор. Подоцна студиите покажале дека децата кои имаат 15 минути одмор после секој час, имале далеку подобри резултати во училиштата од децата кои ја немаат оваа привилегија.

6. Што е тоа домашна задача?

Благодарејќи на заемната доверба меѓу училиштата, учителите и родителите, децата добиваат многу малку задачи кои треба да ги направат дома. Родителите и училиштата претпоставуваат дека учителите целосно ја завршиле со предавање лекцијата и заеднички сметаат дека додатното ангажирање е непотребно. Времето дома е наменето за семејството каде единствените лекции кои треба да се учат се оние животните.

7. Предучилишно образование

Скоро 97 отсто од децата до седум години имаат предучилишно образование. Децата веќе се подготвуваат за училиште и завршување на задачите. Во Америка пак, од родителите се очекува да платата за раното образование, со што поставуваат нееднаквости поради кои детето би можело да има проблеми подоцна.

8. Факултетот е бесплатен

За разлика од американските студенти издвојуваат илјадници долари за колец, Финците не плаќаат ништо. За диплома за основни студии, мастер и докторски студии, образованието е финансирано од даночниот фонд на граѓаните и Владата.














Папата ја осуди индустријата за оружје

Папата ја осуди индустријата за оружје, нагласувајќи дека „таа профитира од смртта“.

Папата Франциск денеска упати молитви за жртвите од војните во Украина, палестинските територии, Израел и бегалците Рохинџи во Мјанмар, нагласувајќи дека, „за жал, најпрофитабилните инвестиции се оние поврзани со индустријата за оружје“.

- Војната секогаш е пораз, секогаш. Ние бараме мир, бараме вистински мир за овие народи и за целиот свет, рече папата, по повод католичкиот црковен празник Свети Јосиф Работник, пренесе Ватикан Њуз.

Обраќајќи им се на присутните во салата Павле VI во Ватикан на општа аудиенција, папата ја осуди индустријата за оружје, нагласувајќи дека „таа профитира од смртта“. /МИА

Пронајдено 5-годишното девојче кое се оддалечило во паркот во Сарај

Пронајдено е 5-годишното девојче кое доцна попладнето исчезна во паркот во Сарај.

Детето, чие оддалечување од местото било пријавено нешто по 16 часот од нејзин роднина, било пронајдено по околу два часа во близина на трговскиот центар Сарај, инфомираат од МВР.

Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли.

Фон дер Лајен: ЕУ требаше да ги послуша предупредувањата на Централна Европа за Русија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека требало да се слушаат што зборуваат земјите од Централна Европа за Русија и порано да се преземат „одлучни акции“.

- Мислам дека требаше подобро да ги слушаме земјите од Централна Европа. Тие имаат многу повеќе искуство со соседството на Русија. Можеби требаше да направиме нешто порано, како што предложија некои централноевропски земји. Денеска можеме да бидеме благодарни и задоволни што имаме толку силна Европа, која може да даде толку силен одговор на Русија, рече таа на прес-конференција во Брисел на прашањето што научи ЕУ од Полска во изминатите 20 години.

Претседателката на Европската комисија истакна дека 20-годишнината од големото проширување на ЕУ бил одлучувачки момент и гледајќи од денешна перспектива, суштински ја промени Европа и ја направи посилна, пренесува полската телевизија TV World. /МИА

притисни ентер