Јункер: Намерата на Комисијата е да направи се, дефинитивната одлука да биде донесена ова лето

Премиерот Заев на прес со претседателот на ЕК Јункер и еврокомесарот Хан рече дека  Европската комисија ја смести Северна Македонија и нејзиниот успех, на листата на најголемите достигнувања на ЕУ, време е Европа да покаже дека стои на зборот.

Премиерот Зоран Заев, денеска ја започна дводневната работна посета на Брисел.

Премиерот Заев денеска оствари средба со Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер после што одржаа и заедничка прес конференција на која учествуваше и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Премиерот Заев констатираше дека минатата недела Северна Македонија го доби најпозитивниот извештај до сега откако сме држава кандидатка за членство, со чиста и безусловна препорака на Европската комисија за почеток на преговорите за членство.

„Денеска на средбата со претседателот Јункер и комесарот Хан дознавме дека Европската комисија во известувањето за изминатиот петгодишен мандат ја смести Северна Македонија и нејзиниот успех, на листата на 20 најголеми достигнувања на Европската унија во овој период. Тоа е за нас огромно признание и уште поголем поттик“, соопшти премиерот Заев на прес конференцијата и додаде дека за 12 месеци, земјата ги заврши реформите во целост, темелно ги имплементира Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија.

Премиерот Заев рече дека земјата е пример за соработка и пријателство во регионот, а на внатрешен план општество што покажува политичка зрелост и европски манири.

„Целосно сме подготвени за почеток на преговорите. Сега, на потег се државите членки и институциите на Европската унија. На потег е Европа да покаже дека стои на зборот. Тој потег треба да биде јасен и исклучиво врз основа на нашите заслуги, а во интерес на развојот на Унијата и во интерес на перспективите на целиот наш регион“, нагласи премиерот Заев.

Заев истакна дека Европа е силна и уникатна бидејќи секогаш знаела да води и внатрешни реформи, и политика на проширување.

„Во исто време, отворањето на преговорите за нашето пристапување во ЕУ е единствената гаранција за одржување на домашната стабилност, и за одржување на реформскиот импулс во Северна Македонија, со позитивни ефекти за целиот регион на Западен Балкан“, потенцираше премиерот Заев и во завршницата на прес конференцијата изрази голема благодарност на Претседателот Јункер и на комесарот Хан за нивниот личен ангажман и голема поддршка за Северна Македонија во текот на неговиот досегашен мандат како докажани пријатели и поддржувачи на нашата држава.

Во својот дел од обраќањето на прес конференцијата заедно со премиерот Заев и комесарот Хан, Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер му честиташе на Претседателот на Владата на РСМ и на целата држава за историските чекори преземени во претходните две години и нагласи дела земјата е светол пример во регионот и пошироко.

Јункер истакна дека Северна Македонија е подготвена за следниот чекор, за отворање на преговорите и дека тој ќе ја брани земјата и овој став секогаш.

Претседателот на ЕК, Јункер, во одговор на новинарско прашање околу очекувањата дали земјава ќе добиде датум за преговори со ЕУ, рече дека Комисијата дала свој предлог наведувајќи дека сега на ред е Советот на министри да донесе одлука за започнување на преговорите.

Интенција, намерата на Комисијата е да направи се, дефинитивна одлука да биде донесена ова лето, рече Јункер.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер