Јубилејна 1000. трка на Формула 1 во Шангај – Ботас и Фетел најбрзи на тренинзите

Возачите на Мерцедес и на Ферари , Финецот Валтери Ботас и Германецот Себастијан Фетел доминираа на денешните тренинзи пред јубилејната 1 000. трка на Формула 1 во Шангај.

Фетел беше најбрз на првиот тренинг со резултат 1:33,911 , а зад него беше актуелниот шампион Луис Хамилтон во Мерцедес со +0,207 , а на трето место колегата од тимот, Шарл Леклер со + 0,256 .

На вториот слободен тренинг најбрз беше Ботас со време од 1:33,330 . На второ место беше Фетел во Ферари со + 0,027 , а на трето Верстапен во Ред Булс со +0,221секунди.

Големата награда на Кина на патеката во Шангај ќе почне во недела во 8.10 часот. По првите две трки во сезоната води Ботас со 44 поени , поен помалку има Хамилтон , а трет е Верстапен со 27 поени.

Денес е ден на Македонскиот јазик

Денеска Македонија го одбележува 5 мај – денот на Македонскиот јазик.

На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

Садик Кан третпат избран за градоначалник на Лондон

Садик Кан го освои рекордниот трет едноподруго градоначалнички мандат во Лондон на локалните избори во Англија на кои што неговите лабуристи ѝ нанесоа тежок пораз на конзервативната партија.

Кан, кој првпат беше избран во 2016, ја победи ривалката Сузан Хол со разлика од повеќе од 276.000 гласови.

„Мојата животна чест е да му служам на градот што го сакам. Во моментов сум многу понизен. Ова беа тешки неколку месеци, во кои се соочивме со кампања на постојана негативност. Горд сум што одговоривме на поттикнувањето страв со факти“, изјави 53-годишниот Кан, кој е и првиот муслиман кој беше избран за градоначалник на Лондон.

Тој истовремено го повика премиерот Риши Сунак да распише парламентарни избори.

Ди Марија пред трансфер во Турција

Турскиот гигант Бешикташ испраќа сезона полна со неуспеси и веќе размислува за новата кампања. „Црните орли“ се во потрага по нов тренер, а планираат и летни трансфер потези.

На „Тупраш“ има сериозен интерес за аргентинскиот ветеран Анхел Ди Марија и ќе преземат конкретни чекори за да го привлечат, тврди „ТРТ Спор“. Тоа се очекува да се случи во наредните денови.

Триесет и шест годишниот офанзивен играч за врска најверојатно ќе ја напушти Бенфика на крајот на сезоната бидејќи му истекува договорот. Има опција да се продолжи за уште една сезона, но тоа веројатно нема да се случи.

Ди Марија има втор престој во португалскиот гигант. Тој минатото лето се врати на „Луж“ откако го напушти Јувентус. Играше и за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Доколку дојде до трансфер на Аргентинецот во Бешикташ, тоа најверојатно ќе биде неговиот последен европски тим.

притисни ентер