Јованчев: Време е новите политички сили да влезат во Собранието

„Македонија е геополитичка точка на Балканот и тој што ја раководи Македонија го контролира Вардарскиот слив“

Ако го погледнете самиот изборен процес е наместен „пата-пата“ за да може една од двете поголеми Македонски партии да биде уценувана. Двојните избори и самото тоа што изборите се во среда, неработен ден за администрацијата од таму ја црпи гласачката војска и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои ќе се „судрат“ а за работниците е препорачлив неработен ден, што значи добар дел од приватните компании ќе работат. Тоа е изборен менаџмент од странски центар за да можат да продолжат досегашните политики, а Македонија е геополитичка точка на Балканот и тој што ја раководи Македонија го контролира Вардарскиот слив. На овие избори е правиот момент новите политички сили да влезат во Собранието за да може преку новиот меѓународен поредок да си го вратиме и името и да се избориме со криминалот и корупцијата, рече Зоран Јованчев во Само Вистина.

Санофи и ОпенАИ ќе соработуваат за развој на лекови користејќи вештачка интелигенција

 Францускиот фармацевтски гигант Санофи (Sanofi) е подготвен да соработува со развивачот на технологија ОпенАИ (OpenAI) за да изгради софтвер за вештачка интелигенција за забрзан развој на лекови, јави ДПА.

Компаниите ќе соработуваат и со американската фармацевтска групација Формација Био за да ги проучат потенцијалните позитивни ефекти на вештачката интелигенција врз пациентите кои чекаат нови третмани.

Според договорот, компаниите ќе комбинираат податоци, софтвер и модели за да развијат приспособени, прилагодени иновативни решенија за развој на лекови.

Неодамна беше објавено и дека технолошкиот гигант „Епл“ („Apple“) е во завршна фаза на постигнување договор со ОпенАИ за вклучување на неговите функции во претстојниот мобилен оперативен систем - iOS 18. /МИА

ЗНМ со осуда на цензурата од директорката во Токсикологија, Бесија Иљази

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во Скопје.

Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми. Во наредбата од 20.05.2024 година, се вели дека согласно член 30 и 31 од статутот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија Скопје, се забранува неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции, со што би се нанело штета на интересите и угледот на клиниката, соопштуваат од ЗНМ.

Тухел ќе паузира или ќе предводи клуб од Премиер лигата

Томас Тухел ќе паузира од кариерата или ќе предводи премиерлигашки клуб, објави новинарот Флоријан Плетенберг. Педесетгодишниот стручњак ја напушти функцијата главен тренер на Баерн.

Во исто време, клубот од Минхен на Тухел ќе му плати повеќе од 10 милиони евра.

Договорот на германскиот фудбалскиот стручњак е со важност до 30 јуни 2025 година, но ќе биде раскинат доколку тренерот се договори со друг клуб и Баерн нема да бара отштета за трансферот.

Меѓу најсериозните опции во Англија се Челзи и Манчестер јунајтед. /МИА

притисни ентер