Јапонија прв противник на македонските ракометари на СП во Германија и Данска

Македонската машка ракометна репрезентација денеска со натпреварот против селекцијата на Јапонија го започнува настапот на Светскиот шампионат во Германија и Данска.

За македонскиот национален тим ова ќе биде четвртото учество на Светските првенства во низа.

Подмладениот состав на македонската селекција против тимот на Јапонија е фаворит за триумф во првиот натпревар во Групата Б на шампионатот.

Без искусните Миркуловски, Јоновски, Митков и Прибак македонската селекцијата на Мундијалот во Германија и данска замина со амбиции за пласман во вториот круг, за што ќе биде потребно да се освои едно од првите три места во групата во конкуренција на европскиот шампион Шпанија, силната Хрватска, незгодниот Исланд и аутсајдерот Бахреин.

Натпреварот со Јапонија во Минхен започнува во 15 и 30 часот, а според најавите црвено жолтите од трибините ќе ја имаат поддршката и од македонска фаланга.

Во нашата Б група денеска се играат и дуелите Исланд – Хрватска од 18 часот и Бахреин – Шпанија од 2030 часот.

Маричиќ: 27 април е силна причина да се исправиме пред налетот на старо-новиот режим

Денеска се сеќаваме на крвавиот четврток во Собранието кога во организација на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, толпа националисти, меѓу кои и Христијан Мицкоски, тргнаа во безумен насилнички обид да се задржат на власт по секоја цена.

„Денеска се сеќаваме на крвавиот четврток во Собранието кога во организација на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, толпа националисти, меѓу кои и Христијан Мицкоски, тргнаа во безумен насилнички обид да се задржат на власт по секоја цена, без најмало чувство за одговорност и за последиците од нивните мрачни амбиции“, истакнува во видео пораката секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

Маричиќ нагласува дека „за да го реализираат нивниот монструозен план насилниците беа подготвени и за ликвидации.

„Токму нив, Гордана Силјановска Давкова планира да ги амнестира“, посочува во видеопораката Маричиќ.

Наспроти тоа, потенцира Маричиќ, „ние не дозволивме да бидат погазени слободата и демократијата и не дозволивме омразата и насилството да поттикнат братоубиствена и меѓуетничка војна. Со разум и присебност на мнозинството од пратениците, храбро спречивме безумието да заврши со трагични последици“.

„Додека партијата со автократско лице повторно се заканува да поведе нов режим, СДСМ ги презеде државничките чекори да ја стави земјата во редот на слободните и напредни демократии. Така, за само неколку години, во ова Собрание, од крвави сцени и обиди за ликвидации на избраниците на народот, стигнавме до гордо кревање на македонското знаме и знамето на НАТО“, истакнува Бојан Маричиќ по повод годишнината од крвавите настани на 27 април 2017 година во Собранието.

Маричиќ порача „нема откажување – продолжуваме одговорно“.

„Тука сме во заштита на прогресивните македонски граѓани кои својата иднина ја гледаат во земја со европска демократија и европска иднина. 27 април е силна причина да се исправиме пред налетот на старо-новиот режим“, истакнува во видео пораката секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

Бојан Маричиќ, Секретар за меѓународна соработка и кандидат за пратеник од ИЕ1

СДСМ

Партиите ги исцртуваат црвените линии за можно коалицирање

На само три дена по првиот круг од претседателските избори партиите веќе ги кројат можните комбинаторики за постиборно коалицирање. 

Митинзите станаа мегдан за јавни повици и пораки кој е добредојден, а кој не за евентуално коалицирање по изборите. Мицкоски преферира коалиција со ВРЕДИ, а откако претходно на обеднување ги повика и помалите опизициски партии, синоќа од Кавадарци порача дека правилото за колаицирање победник со победник повеќе не важи. ДУИ и ВРЕДИ пак не остапуваат од условите за промена на Уставот. А црвените линии за идно колицирање веќе ги исцрта и Димитреивски од ЗНАМ кој исклучува можност за коалиција со СДСМ или коалиција во која би партципирала и ДУИ. Ковачески пак синоќа од Центар порача дека десничарска партија на власт – ќе значи крај на европската перспектива на државата и на добрите меѓуетнички односи.

Анализирајќи ги досегашните изјави на политичките лидери и под услов изборните резултати од првиот круг од престедедателските се пресликаат и на парламентарните, според Благојче Атанасовски извесно е дека по 8-мај ќе има опозициона коалиција. Кој ќе биде дел од неа и дали преговорите ќе течат лесно, според него ќе зависи пред се од ставовите за уставните измени.

Иако сите партии ја отфрлаат можноста за бојкот на вториот круг од претседателските избори, Атанасовски не исклучува тивок или отворен бојкот од ДУИ со цел да се спасат од опозција. Доколку не се постигне цензузот од 40 проценти излезност во Вториот круг, Атанасовски предупедува дека земјава ќе влезе во уставно-правна политичка криза.

Во меѓувреме ДИК увои еден пригвоор за постапката за гласање во Липково, а до 19 часот ги очекува и евентуалните приговори за сумирање и утврдување на резултатите од првиот круг престедателски избори.

притисни ентер