Јаневска: Албанската буквар е помошен материјал во училиштата и нема пречки да се користи

Албанската буквар која ја одобри поранешниот министер Јетон Шеќири е помошен материјал и нема пречки и понатаму да се користи, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Албанската буквар која ја одобри поранешниот министер Јетон Шеќири е помошен материјал и нема пречки и понатаму да се користи, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, по обвинувањата на ДУИ дека е донесен закон со кој албанската азбука не може да се употребува во училиштата

Ниту еден закон не важи ретроградно. Тоа ДУИ би требало многу добро да го знае, бидејќи имаат 20 годишно искуство. Дидактичките материјали кои се во употреба, ќе бидат во употреба се додека Бирото за развој на образование не рече дека веќе не се погодни, изјави Јаневска на новинарско прашање.

Јаневска која денеска беше во посета на регионалниот центар за Стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово,прашана за случајот со приредбата на ученици со импровизирани пушки и униформи во основното училиште „7 март“ во Челопек, кажа дека државниот просветен инспекторат ќе провери дали е постапено во однос на веќе доенсената одлука за овој случај

ЕК: Подготвени сме да се справиме со намалената дистрибуција на руски гас

Европската Унија најави дека е целосно подготвена да се справи со намалувањето на дистрибуцијата на руски гас за Европа, предизвикано од одлуката на Украина да го прекине транзитот на енергенсот преку нејзина територија од 1 јануари годинава.

Европската комисија истакна дека овој прекин на дистрибуцијата на гасот нема да предизвика позначајни проблеми, имајќи предвид дека по мерките за намалување на зависноста на ЕУ од руски енергенси, преземени по инвазијата на Москва врз Украина, преку украинска територија се транспортираат само околу пет проценти од вкупниот увоз на природен гас во Унијата.

- Повеќе од една година конкретно работиме на адаптирање на сценарио без транзит на руски гас преку Украина, посочи Европската комисија.

Како резултат на овие подготовки зајакната е гасната инфраструктура на Унијата и се преземени напори за обезбедување на алтернативни извори за снабдување со енергенсот на земјите погодени од украинската одлука.

Операторот за дистрибуција на енергенсот „Украински систем за пренос на гас“ (ОГТСУ) соопшти дека од вчера „испораките преку единствената влезна точка за руски гас во Украина се свеле на нула“.

Петгодишниот договор со рускиот државен оператор „Газпром“ за транспорт на руски гас преку територијата на Украина беше склучен во 2019 година. Неговата важност истече на 1 јануари и Киев одби да го продолжи како реакција на инвазијата на Русија врз земјата.

Преку украинска територија претходно се транспортираше речиси една третина од рускиот енергенс продаден во Европа, додека другиот дел се дистрибуираше преку гасоводот „Турски поток“, кој минува по дното на Црното Море, или со испораки на течен природен гас (ЛНГ).

Уште од почетокот на руската инвазија врз во Украина во февруари 2022 година, ЕУ започна со преземање мерки за намалување на зависноста од руски енергенси, но неколку источноевропски држави голем дел од нивните енергетски потреби се уште ги обезбедуваат од Русија.

Австрија уште во декември реши да го раскине договорот за „Газпром“ за снабдување со руски гас обезбедувајќи алтернативни извори, додека Бугарија и Унгарија, заедно со Србија, најголем дел од енергенсот го обезбедуваат преку гасоводот „Турски поток“. На овој начин, украинската одлука најмногу ги погоди Молдавија и Словачка.

Како одговор на украинската одлука, Молдавија воведе 60-дневна вонредна состојба за справување со недостигот на енергенсот, согласно која се ограничува потрошувачката на енергија, осветлувањето во јавните згради и употребата на лифтови.

Дополнително, „Газпром“ уште во саботата соопшти дека ќе ја запре испораката на гас за Молдавија поради „спор околу долгот“ на земјата.

Кишињев ваквата најава на рускиот оператор ја оквалификува како „угнетувачка тактика“ на Москва. - Кремљ уште еднаш прибегна кон енергетска уцена со цел да влијае на парламентарните избори во 2025 година и да го поткопа нашиот европски пат, изјави претседателката на Молдавија, Маја Санду.

Од друга страна, Словачка жестоко ја осуди на постапката на Украина, при што словачкиот премиер дури упати и писмо до Брисел реагирајќи на украинската одлука

- Прифаќањето на едностраната одлука на украинскиот претседател е целосно ирационално и погрешно, наведе Фицо во писмото до Брисел, посочувајќи дека таа ќе има „големо финансиско влијание“ во актуелниот „комплициран економски период“.

Фицо дури лично отпатува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, за да изнајде начини за продолжување на снабдување на Словачка со гас од Русија.

Тој се закани и со прекин на снабдувањето на Украина со електрична енергија преку енергетската мрежа што минува низ Словачка, во услови кога на земјата и е потребен увоз на струја од странство, затоа што украинската инфраструктура оштетена од руско систематско бомбардирање со своето производство не може да ги задоволи домашните потреби.

Вучиќ: Не им замерувам на студентите во блокадите, тие беа мали кога злото беше на власт

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека нема што да им замери на студентите во блокадите бидејќи „тие имале само десет години кога злото беше на власт“, кое, според него, ја уништувало Србија.

„По стоти пат велам дека нема да има преодна влада, власта се добива на избори, со поддршка на народот. Нема филозофија“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк и додаде дека е бескрајно благодарен на студентите, кои сакаат да учат, за нивната „трпеливост“.

Спомнувајќи го пред се Прогласот, тој го повтори тврдењето дека тие се финансираат од странство.

Вучиќ рече дека „организаторите на протестите веруваат дека е невозможно да се издржи ваков притисок“.

„Но, издржавме уште потешко за да ја спасиме Србија“, истакна тој.

Вучиќ особено го критикуваше судијата Миодраг Мајиќ, како и некои други јавни личности кои ги поддржаа студентите, наведувајќи дека „антисрпските сили“ сакаат промена на власта.

Девојче е првото родено бебе во Куманово

Првото бебе во Куманово е девојче, второ дете во семејството Асанови од Крива Паланка. Мајката Хамиде и новороденчето се во добра здравствена состојба.

Девојчето е родено вчера во 17:10 со царски рез, тешко е 3,6 килограми, долго 49 сантиметри.

-Посакувам да биде здраво, живо и среќно, изјави мајката.

Претставници од општинската власт и од болницата и однесоа соодветни подароци.

-Ѝ посакав прво таа да се опорави, девојчето да е живо, здраво и среќно. Да си ја сака државата, да си остане овде да придонесува, изјави претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.

Надлежните од болницата очекуваат плодна година, зголемување на трендот на раѓања на акушерскиот оддел во болницата.

- Раѓањето на женски плод наговестува плодна и бериќетна година. Имаме тренд на намалување на раѓањата, за жал и се надевам дека ова е предзнак и за зголемување на бројот на раѓањата, рече директорот Стефан Трајановски.

Началничката на одделот, д-р Софија Трајковиќ појасни дека тимот има седум специјалисти, добиваат помош од лекари од Скопје и со тоа, успеваат да го покријат 24-часовното работење.

- За ден и половина имаме две бебиња, двете се женски пол, двете се добри, мајките се, исто така, добри. Моментално има една пациентка во предпородилна сала, изјави Трајковиќ.

Минатата, 2024 година имало 688 раѓања во кумановската болница, што е тред на опаѓање зашто во 2023 имало 730, а кумановската општа болница е единствено родилиште за североисточниот регион.

притисни ентер