Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија

 Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје изутринава заминала во Гевгелија на погреб на нејзината мајка.

Јанева заминала за Гевгелија со одобрение на судија на претходна постапка, кој синоќа и одреди 30-дневен притвор по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Специјалната обвинителка Катица Јанева во моментов е во Гевгелија на погреб на нејзината мајка која почина вчера. Од затворот за Канал 5 велат дека таа не е сместена во хашкото одделение во затворот во Шутка бидејќи таму се наоѓа осомничениот за случајот рекет Бојан Јовановски. Според надлежните станува збор за стандардна процедура.

Катица Јанева е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист, со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничен во „Империја" со негово прифаќање како сведок во постапката.

Јанева, чиј глас се слушаше во снимките објавени од италијанскиот весник „Ла Веритас", во кои таа на главниот осомничен за случајот „Империја" Орце Камчев му вели „се ќе биде добро" е третоосомничена во случајот „Рекет".

Таа доцна синоќа од Кривичен суд со полициско комбе беше спроведена во истражниот затвор „Скопје", но сепак и е дозволено денеска да замине за Гевгелија, каде под полициска придружба ќе присустува на погребот на нејзината мајка, која почина вчера изутрината по долго боледување.

Другите двајца осомничени за „Рекет", Бојан Јовановски и Зоки Кичеец повеќе од еден месец се во притвор.

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Фон дер Лајен: ЕУ смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната

 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија смета дека Кина ќе изврши притисок врз Русија да ја прекине војната против Украина.

„Сметаме на Кина да го искористи сето свое влијание врз Русија за да стави крај на руската агресивна војна против Украина“, рече фон дер Лајен по средбата со кинескиот претседател Кси Џингпинг и францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.

„Претседателот Си одигра важна улога во деескалацијата на неодговорните нуклеарни закани на Русија и уверена сум дека ќе продолжи да го прави тоа во контекст на тековните нуклеарни закани на Русија“, додаде Фон дер Лајен.

притисни ентер