Јаков е првото бебе родено во Скопје

Една секунда по полноќ, плачот на прво роденото бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство го направи мама и тато Сања и Александар среќни што го добиле најубавиот подарок во новата година синот Јаков. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Раниери ги решава проблемите во Рома

„Внесувам смиреност, работна етика и ја враќам самодовербата“.

Рома го победи Лацио во градското дерби од Серија „А“, а откако на клупата на „волчицата“ од Рим дојде Клаудио Раниери, се чини дека се функционира како што треба.

Во Рим се одигра многу бурно дерби, а Рома победи со 2:0 против Лацио, но мечот го одбележаа препукувања и тепачки на теренот.

Се заврши со санкции и картони, а тренерот на Рома, Клаудио Раниери беше тој што сакаше да ја спречи ситуацијата премногу да ескалира и да ги помири играчите да не се создава хаос на теренот.

Тој ги кажа своите впечатоци по победата.

-Често ме повикуваат за време на проблематични ситуации во клубовите, се трудам да внесам смиреност, работна етика и да ја вратам самодовербата. По лошата прва полусезона треба да докажеме дека сме поминале низ тунелот и сега треба да видиме малку сончева светлина. Ни треба одличен натпревар и во Болоња, бидејќи би било страшно да одиме таму и да не го повториме овој пристап. Резултатот може да зависи од многу различни фактори, но клучот е да се бориме исто толку тешко како што направивме, вели Раниери.

Италијанецот дојде на клупата на Рома како привремено решение до крајот на сезоната наместо Иван Јуриќ, а се чини дека навивачите многу сакаат искусниот стручњак да остане во Рим.

-Не, подготвен сум да останам до крајот на сезоната, а потоа Господ ќе каже. Тренерот мора да обезбеди противтежа во дербито. Ако играчите се премногу агресивни, морам да ги смирам и обратно. Ништо друго не зависи од тренерот, само се трудам играчите да бидат мирни и да го дадат својот максимум на теренот, порача тој.

Лоренцо Пелегрини постигна гол во италијанското дерби, а токму Раниери успеа да го мотивира и да го поттикне да игра добро.

-Пелегрини дојде да разговара со мене вчера и сфатив дека има луда желба да биде капитен на Рома во дербито. Едвај чекав да го каже тоа, бидејќи ние тренерите се трудиме да ги мотивираме играчите и да извлечеме максимум од нив. По натпреварот против Милан му кажав дека не игра добро, но овој пат бев убеден дека ќе биде добар, па му реков дека ќе игра. Головите му се во крвта, тој е еден од најдобрите италијански играчи за врска кога е во прашање постигнувањето голови. Не ме замоли да играм, само имав чувство дека расположението му е како што треба, изјави Раниери.

Поранешните тренери Даниеле Де Роси и Иван Јуриќ често правеа промени во последните редови и ја намалуваа одбраната од четири на тројца играчи, што Раниери успеа да го реши и да внесе стабилност.

-Се согласувам дека сега станавме тим, секој знае што да прави и како да си помогне. Мора да ја задржиме формата и да продолжиме да играме вака, истакна легендарниот тренер.

Рома сега е на десеттото место на табелата во Серија „А“, додека Лацио е четврти. /МИА

Египет очекува да добие 1,2 милијарди долари според програмата за финансиска поддршка на ММФ

Египет очекува да добие 1,2 милијарди долари според програмата за финансиска поддршка на ММФ во јануари, рече министерот за финансии.

Египет очекува овој месец да добие 1,2 милијарди долари според програмата за финансиска поддршка од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вкупна вредност од осум милијарди долари, изјави министерот за финансии на земјата Ахмед Кучук, цитиран од онлајн изданието „Enterprise News“.

Во интервју за програма на ТВ OН, Кучук ги отфрли шпекулациите дека Каиро сака да го зголеми размерот на програмата. Изјавата доаѓа откако на крајот на декември минатата година беше постигнат договор на експертско ниво за долго одложуваниот четврти преглед на програмата и одобрување на следната транша.

„Владата има за цел да собере три милијарди долари од глобалните должнички пазари во првата половина од годинава. Ќе се вратиме на глобалниот должнички пазар со различни емисии за да привлечеме различни типови на инвеститори, но со релативно мал обем“, рече Кучук.

Тој објасни дека приватизацијата ќе помогне и за собирање средства во 2025 година. Според него, три или четири компании, ќе бидат понудени на стратешки инвеститори или на Египетската берза преку иницијална јавна понуда до крајот на фискалната година на крајот на јуни./МИА

Шпанија стравува дека Франција ќе ги заостри граничните контроли за да ја запре имиграцијата

 Шпанија стравува дека Франција, која е многу помалку толерантна кон нерегуларната имиграција, ќе ја заостри контролата на границите, пишува шпанскиот весник „Паис“.

Весникот оценува дека во Франција има голема политичка криза, но дека една работа не се сменила, а тоа е дека Париз ќе држи цврста рака и ќе ја засили контролата на своите граници.

Шпанија стравува дека новиот извршен директор на францускиот премиер Франсоа Бајру во голема мерка ќе враќа луѓе од границата, практика која предизвикуваше проблеми во минатото. /МИА

притисни ентер