Јаќимовски: Не ја повлекуваме иницијативата за уставноста на мораториумот за градба

 Управниот одбор на Градежната комора  при Сојузот на стопански комори на Македонија едногласно одлучи да не ја повлекува поднесената иницијатива за оценување на уставноста на мораториумот за градење во општина Центар.

Заради тоа што мораториумот не е во согласност со закон и Устав, изјави денеска Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора, во коментар на неодамнешната одлука на Уставниот суд времено да го укине мораториумот за градба во Центар.

Иницијативата до Уставен суд, појасни, е резултат на тоа што во изминатите 15 месеци не успеавме да оствариме соработка со општина Центар со цел да ги доставиме нашите аргументи дека ниту во Законот за просторно урбанистичко планирање, ниту во Уставот, не постои терминологија мораториум и запирање.

– Секој закон престанува да важи со носење на нов закон, секој закон може да се измени и дополни во Собрание. Тоа што значи генерален урбанистички план е устав во секторот, а тоа што значи детален урбанистички план е закон во градежништвото, рече Јаќимовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Уставниот суд одлучи времено да го укине мораториумот за градба во Центар до носење на конечната одлука за неговата уставност, на иницијатива на Градежната комора и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Со мораториумот воведен на крајот на 2017 година беа запрени постапките за издавање одобренија за градење во урбанистичко-планските документации од деталните урбанистички планови.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер