Извори во Советот на ЕУ: Албанија да покаже креативност за да ја отстрани грчката блокада

Албанија да покаже креативност за да ја отстрани грчката блокада за старт на преговорите за членство.

Минатата недела земјава доби покана од ЕУ за подготовка на патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација за отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Фундаментални вредности“, но сличното писмо до Албанија беше блокирано од страна на Грција, јави дописникот на МИА од Брисел.

Извори во Советот на ЕУ за „Еурактив“ потврдија дека Албанија не ја добила поканата, затоа што Атина одбила да го поддржи барањето од Комисијата за отворање на преговорите по поглавја со Тирана.

Според истите извори, Грција го образложила својот став со изразување резерви околу почитување на принципите на владеењето на правото во Албанија, посочувајќи го случајот приведувањето на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химера, Фреди Белери, кој е припадник на грчкото малцинство во земјата. Дополнително, Грција посочила и на проблеми со имплементацијата на некои закони поврзани со правата на сопственост на припадниците на грчкото малцинство во Албанија, како и околу спроведувањето на пописот во земјата, при што според Атина, некои етнички Грци „не биле прашани за верска припадност или мајчиниот јазик“.

- Атина не ја затвора целосно вратата, но има некои прашања што треба да се решат. Како што стојат работите, процесот не може да продолжи, посочија изворите во Европскиот совет, додавајќи дека Албанија мора да покаже „креативност“ за да се реши кризата со Белери.

Белери беше уапсен на два дена пред локалните избори во Албанија во мај годинава под сомнеж за „купување гласови“. Тој победи на изборите во Химара во јужна Албанија со тесно мнозинство како кандидат на опозициската коалиција, но не можеше да ја преземе функцијата градоначалник поради неговото приведување.

Грција побара албанските власти да му дозволи да положи заклетва, оценувајќи го неговото апсење како „политички и етнички мотивирано, на што Влада во Тирана одговори дека „не може да се меша во судските постапки“.

Поранешниот албански претседател и премиер и актуелен опозициски лидер Сали Бериша, кој и самиот соочува со кривична истрага, обвини дека полицијата и Обвинителството „го организирале апсењето“ Белери, посочувајќи дека овој случај ја довел Албанија во конфронтација со Грција и наглото влошување на билатералните односите.

Албанскиот премиер Еди Рама од своја страна изјави дека нема надлежност во случајот и не може да се меша во работата на правосудството на кој било начин.

- Ова не е дебата меѓу владите на Албанија и Грција, затоа што се работи за правдата, а тоа е во рацете на правосудниот систем, изјави Рама.

Противниците на Рама обвинуваат дека зад целиот случај има и бизнис интереси, бидејќи, според нив, албанската Влада сака да ја задржи контролата врз издавањето градежни дозволи во Химара, која е популарна туристичка дестинација и има профитабилен пазар со недвижности.

Грција ја блокира Албанија на нејзиниот пат кон ЕУ поради билатерален спор

Грција го блокира писмото од 27-те земји-членки до Комисијата на ЕУ за отворање на првите пет поглавја од пристапниот процес, потврди извор за Еурактив, додавајќи дека Атина врши притисок врз Тирана да покаже „креативност“ за да се реши тековната билатерална криза.

Тензиите меѓу Грција и Албанија се од мај кога Фреди Белери, етнички грчки кандидат за градоначалник, беше уапсен два дена пред локалните избори под сомнение за купување гласови.

Тој победи на изборите во Химара во јужна Албанија со неколку гласови, но не можеше да положи заклетва како градоначалник поради апсење и покрај апелите да му биде дозволено да ја положи заклетватас или да му се намали казната за друга безбедносна мерка.

Атина постојано ја повикува Албанија да му дозволи да положи заклетва, нарекувајќи ја одлуката политички и етнички мотивирана. Албанската влада соопшти дека не може да се меша во судските постапки и дека правосудниот систем мора да го следи својот пат.

Според изворот на Еурактив, Атина истакнува неколку прашања поврзани со владеењето на правото, како што е случајот Белери и спроведувањето на некои закони поврзани со албанското грчко малцинство, како што се имотните права. Истиот извор истакна дека проблем има и во пописот што во моментов се спроведува, бидејќи имало пријавени случаи каде на припадниците на грчкото малцинство не им биле поставувани прашања за религија или јазик.

„Атина не ја затвора вратата (за пристапувањето во ЕУ), но има некои прашања што треба да се решат. Како што стојат работите веќе три недели, процесот не може да продолжи“, рече изворот.

Тој нагласува дека албанската страна мора да покаже „креативност“ за да се реши кризата со Белери.

Атина бара да му се дозволи да биде инаугуриран како градоначалник бидејќи тоа е административна одлука што може да ја донесе албанската влада, а не судска – а потоа независното судство да ги носи своите одлуки.

Критичарите во Атина рекоа дека има деловна мотивација зад ситуацијата, што сугерира дека албанската влада сака да ја задржи контролата врз градежните дозволи издадени во Химара, популарна летна дестинација со профитабилен пазар на недвижности, што го прави Белери, кој го претставува грчкото малцинство и албанското опозицијата, политичка закана, која Тирана ја негира.

Србија доби нова Влада, премиер Милош Вучевић, 31 министер и 26 министерства

Собранието на Србија вечерва ја избра новата Влада на Србија на чело со претседателот Милош Вучевиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

За новата влада од 250 пратеници колку што има српското собрание, за владата гласаа 152 од 213 присутни пратеници, а 61 беа против. Воздржани немаше, а отсутни беа 37 пратеници.

Новата Влада на Србија ќе брои 31 член, од кои пет се министри без ресор. Новата влада има третина од новите имиња во однос на претходната Влада на Србија предводена од Ана Брнабиќ.

Премиерот на новата српска влада Милош Вучевиќ во експозето на собраниската седница вчера најави дека владата ќе биде континуитет на политиката на досегашните влади и на претседателот Александар Вучиќ. За Северна Македонија кажа дека е држава која во Србија секогаш може да најде партнер и повеќе од тоа.

Во новата влада Синиша Мали ќе биде вицепремиер и министер за финансии, Ивица Дачиќ-министер за внатрешни работи и вицепремиер, Александар Вулин-вицепремиер, Ирена Вујовиќ-вицепремиер и министер за заштита на животната средина, Братислав Гашиќ-министер за одбрана, Марко Ѓуриќ-министер за надворешни работи, Тања Мишчевиќ-министер за евроинтеграции, Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Дубравка Ѓедовиќ-министерка за рударство и енергетика, Златибор Лончар-министер за здравство, Томислав Момировиќ-министер за внатрешна и надворешна трговија, Маја Поповиќ-министер за правда, Славица Ѓукиќ Дејановиќ-министер за образование, Немања Старовиќ-министер за вработување, труд, ветерани и социјални прашања, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, министер за семејна грижа и демографија, Никола Селаковиќ, министер за култура, Андријана Месаровиќ, министер за економија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, министер за администрација и локална самоуправа, Јелена Беговиќ-наука и иновации и Хусеин Мемиќ министер за туризам.

Милан Кркобабиќ е министер за грижа на селото, Дејан Ристиќ е министер за информации и телекомуникации, Дарко Глишиќ министер за јавни инвестиции, Новица Тончев, Усаме Зукурлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура се министри без ресор. /МИА

Иран воведе санкции за поединци и правни субјекти од САД и Велика Британија

Иран воведе санкции за неколку американски и британски физички и правни лица поради нивната поддршка за Израел во војната против палестинската организација Хамас во Појасот Газа, јавија француските медиуми.

Во соопштение Исламската Република - жесток непријател на Израел – наведува дека воведува санкции за седум американски граѓани, вклучувајќи го генералот Брајан Фентон, шеф на командата за специјални операции, и вицеадмиралот Бред Купер, поранешниот шеф на американската морнарица на Блискиот Исток.

Меѓу британските функционери и институции кои се санкционирани се министерот за одбрана Грант Шапс и Кралската морнарица во Црвеното Море.

Санкции се воведени и за американските компании „Локид Мартин“ и „Шеврон“, како и за британските „Елбит системи“, „Паркер Мегит„ и „Рафаел УК“.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека санкциите вклучуваат „блокирање на сметките и трансакциите во финансискиот и банкарски систем на Иран, замрзнување на средства под јурисдикција на Исламската Република Иран и забрана за визи и влез на иранска територија“.

Меѓутоа, останува нејасно влијанието на овие мерки врз поединците или субјектите, како и какви било средства или трансакции со Иран, пренесуваат француските медиуми.

Иран не ја признава државата Израел и ја стави поддршката за палестинската кауза како камен-темелник на својата надворешна политика од Исламската револуција во 1979 година.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, која започна на 7 октомври со неиспровоциран напад на палестинското исламистичко движење „Хамас“ на израелска територија, мнофукратно се кренати тензиите меѓу Израел, од една страна, и Иран и неговите сојузници, особено либанскиот „Хезболах“, од друга.

Ситуацијата меѓу двете земји ескалираше на 13 април кога Иран започна невиден напад врз Израел користејќи 350 дронови и проектили, од кои повеќето беа пресретнати со помош на САД и другите сојузнички земји.

Неколку дена подоцна, во друг напад, што му се припишува на Израел, беше погоден аеродромот во Исфахан, во централен Иран, но таму беше предизвикана само ограничена штета. /МИА

ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори

Државната изборна комисија на денешната седница донесе заклучок за конечност на разултати за избор на претседател на Република Северна Македонија, прв круг.

Според заклучокот, за изборите одржани на 24.4.2024 година, вкупен број на избирачи запишани во избирачки список имало 1 814 317 гласачи од кои гласале 905 622. Неупотребени гласачки ливчиња биле 908 720, важечки ливчиња 881 040, а неважечки ливчиња 24 560.

Конечните резултати покажуваат дека кандидатот за претседател Стево Пендаровски добил 180 499, Гордана Силјановска Давкова 363 085, Стевчо Јакимовски 8 121, Бујар Османи 120 811, Билјана Ванковска 41 331, Арбен Таравари 83 337 и Максим Димитревски 83 855.

Во вториот круг на избори за претседател што треба да се одржат на 8 мај ќе се гласа за кандидатите за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова.

За претстојните избори за претседател, до Државната изборна комисија пристигнале акредитации од 52 домашни набљудувачи, 11 меѓународни и пет странски новинари, истите доставиле барање и за изборите за пратеници во Собранието, соопштија на денешната седница на ДИК.

На денешната седница ДИК ги усвои и записниците од 97 и 98 седница.

притисни ентер