Извештајот на ЕК пред пратениците

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими денеска во Собранието, образложувајќи го Извештајот за напредокот на Македонија, рече дека земјата по петти пат доби препорака за почеток на преговорите со Европската унија и оти во периодот до декемврискиот состанок на европскиот Совет треба да ги зајакнеме аргументите за поддршка на оваа одлука.

- Ова е главната порака од Извештајот, исклучително битна, но во него се забележани и работите што се остварени, но и областите каде што има потреба од поголема посветеност во следниот период. Тоа што е многу битно во овој период од објавување на Извештајот на ЕК до состанокот на Советот во декември, е можноста што ја дава оваа препорака за понатамошно унапредување на реформите како што се забележува во самиот Извештај и можностите да најдеме отворен и конструктивен начин за да имаме напредок во споровите со нашите соседи членки на ЕУ, Бугарија и Грција, рече Бесими.

Земјата ги има исполнето политичките критериуми на ЕУ и по петти пат дава препорака за почеток на преговорите.

- Ние сме свесни дека ова звучи како позиција статус кво, меѓутоа само да кажам дека и оваа ситуација бара повторно и работа и посветеност за земјата да се фокусира на работите коишто се забележани во Извештајот, изјави Бесими.

Вицепремиерот ги изнесе поважните оценки што се содржани во Извештајот и посочи на важноста од консензус по ова прашање.

Ивон Величковски, пратеник од Либералната партија, праша дали решавањето на спорот е еден од клучните аргументи пред Европскиот совет.

- Статус кво може да ја чини Македонија многу скапо. Кој е дијалогот со новинарите? Вие се уште ги немате повлечено предложените закони за медиуми. Пак ве повикувам да ги повлечете законите, особено законот за медиуми, рече Величковски.

Бесими рече дека приоритетите на Македонија пред Eвропскиот совет се имплементацијата на препораките што произлегуваат од политичкиот дијалог во земјата и во Парламентот во работната група, реактивација на дијалогот со новинарите во однос на легислативата во оваа област, зајакнување на аргументите во однос на владеењето на правото или пак независноста на судството, продолжување на имлементацијата на Рамковниот договор и добрососедство и иницијативите што би произлегле од македонска страна за постигнување готовност за решавање на спорот за името.

За пратеникот Беким Фазлиу од ДПА, Македонија останува на исто место односно веќе оди наназад.

- Секој неуспех во евроинтеграциите во Македонија се рефлектира кај Албанците. Вие станувате главни спонзори на националистичките политики на оваа Влада, на проектот „Скопје 2014“, на навредувањето, тепањето и економскиот апархејд на Албанците..., рече Фазлиу.

Во контрареплика вицепремиерот Бесими истакна дека се разбира дека ДУИ и ДПА имаат разлики во пристапот.

- Целта да ни биде иста - нашата земја да биде рамноправна членка на ЕУ и НАТО. Во ниту еден случај во мојот говор не реков дека статус квото е успех, но го спомнав тоа и реков дека ние сме посветени на тоа и не реков дека немаме предизвици. Но, главниот предизвик е ние да ги надминеме разликите со нашите соседи, и да најдеме решение за прашањето за името, изјави Бесими.

Вицепремиерот Бесими, според Горан Мисовски од НСДП ниту еднаш во своето обраќање во Парламентот не ја споменал Република Македонија по име туку три пати рекол нашата земја. Мисовски изрази, како што рече, разочарување од ова, но и од фактот дека не споменал дека во Извештајот јасно и децидно е наведено дека пратениците и новинарите на 24 декември се исфрлени од Парламентот, и дека во областа на слободата на изразување продолжи да се влошува и на домашен и на меѓународен план.

Вообичаено, Беким Фалиу од ДДПА побара пауза од еден час поради, како што рече потпретседателката на Собранието од ДУИ Сузана Салиу, иако 15 месеци е веќе на оваа функција не претседава со него и поради тоа што Албанците не ги слушаат изворно албанските пратеници.

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

Гласањето преку пошта за првпат ќе се спроведе на претстојните евроизбори, а имаат право да се пријават сите грчки граѓани без разлика дали живеат во земјата или во странство.

Според податоците што ги објави АНА-МПА, интересот за новиот начин на гласање е висок кај сите старосни групи, додека пак од дијаспората се пријавиле граѓани кои живеат во 115 земји,

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта.

Избирачкиот материјал, по пошта ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл. /МИА

Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. /МИА

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

притисни ентер