Израелскиот премиер за нуклеарната програма на Иран: Ги преминаа сите црвени линии

Премиерот на Израел, Нафтали Бенет изјави денеска дека, што се однесува до „нуклеарната програма“, Иран во голема мера ја минал недозволената граница и рече дека Израел нема да дозволи Техеран да поседува нуклеарно оружје.

Во својот прв говор пред Генералното собрание на ОН, Бенет рече дека Иран се обидува да добие доминација на Блискиот Исток под „нуклеарен чадор“ и повика на посилни меѓународни напори за запирање на иранските нуклеарни активности.

"Иранската нуклеарна програма е на крстопат. Сите црвени линии се преминати, инспекциите се игнорирани. И сето тоа минува низ нив", рече Бенет, кој во јуни оваа година стави крај на 12-годишното владеење на Бенјамин Нетанјаху како премиер.

Тој, исто така, стави до знаење дека Израел исто така може да дејствува еднострано против Иран.

"Иранската нуклеарна програма е во пресвртница, како и нашето трпение. Зборовите не можат да го запрат вртењето на нуклеарните центрифуги", рече Бенет.

Особено, тој побара американскиот претседател Џо Бајден да заземе построг став кон исламскиот режим во Техеран.

Бенет се противи на напорите на новата американска администрација насочени кон враќање во рамката на меѓународниот нуклеарен договор меѓу големите сили и Иран од 2015 година.

Под раководство на Доналд Трамп, САД се повлекоа од договорот во 2018 година.

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

Атлетик го продолжи договорот со Ернесто Валверде

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, го продолжи договорот со тимот, објави официјалниот сајт на баскискиот клуб.

Новиот договор со 60-годишниот фудбалски стручњак е со важност до летото 2025 година.

Валверде е на чело на Атлетик од јули 2022 година. Тој претходно во текот на својата тренерска кариера двапати работеше со тимот.

Атлетик по 36 кола се наоѓа на петтото место во шпанската Ла Лига со 62 бода. /МИА

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски од Градскиот парк испраќа порака дека врсничкото насилство булингот може да има сериозни последици доколку не се превенира и спречи.

Денеска во Градскиот парк компанијата Макпетрол одржа музички хепенинг во рамки на кампањата Крени глас - Стоп за булинг каде учество зема и Општина Центар. Герасимовски оттаму порачува дека локалните самоуправи под чија надлежност се училиштата имаат одговорност да ги заштитат учениците од булинг.

-Врсничкото насилство е сериозен проблем кој најчесто започнува во основното образование и затоа ние како локални самоуправи имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за зголемување на безбедноста на децата. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството и согласно ова ние спроведовме бројни обуки за негово препознавање, превенирање и спречување, вели Герасимовски.

Општина Центар по приклучувањето на кампањата на Макпетрол веднаш спроведе низа работилници и обуки за наставниците и стручните соработници од училиштата за рано препознавање, превенција и спречување на булингот во основните училишта во општината. Обуките беа спроведени од еминентни универзитетски професори стручни во областа. Општина Центар по дојава на граѓани за врсничко насилство меѓу врсниците низ Дебар маало во соработка со МВР обезбеди зачестени полициски патроли и неколкупати заедно со родители и полициски службеници направи обиколка во Градскиот парк каде се собираат младите.

Градоначалникот Герасимовски потенцира дека во растењето и однесувањето на децата сите имаат одговорност.

-Воспитувањето доаѓа од дома, врсничкото насилство не смее да се игнорира. Затоа упатувам порака за отворена комуникација на родителите и стручните служби со децата бидејќи тоа е најдобриот начин да ги заштитиме. Да ги охрабриме децата да зборуваат, да зборуваме и ние, да реагираме и да ги заштитиме, порачува тој.

Општина Центар

притисни ентер