Израелски војници се обучуваат за можна голема војна со Либан

Израелската армија тренира за можноста за голема војна со северниот сосед Либан, соопшти денеска војската.

Се наведува дека резервистите од една бригада одржале различни вежби во текот на неделата за „да ја забрзаат подготвеноста за операција во оваа арена“, пренесува ДПА.

Целта беше оперативна готовност и подготовка „за различни борбени сценарија на северот“.

Обуката одржана во Галилеја на северот на земјата симулираше борбени ситуации во Либан.

Пешадија и оклопни трупи тренирале заедно со војници од единиците за логистика и комуникации да работат заедно на нерамен терен. Другите трупи, исто така, вежбале со воздухопловните сили „да се обучуваат за сценарио за брзо воздушно снабдување на копнените сили кои дејствуваат на непријателска територија“.

Повеќе од седум месеци во пограничната област меѓу Израел и Либан постојано избувнуваат жестоки борби. Проиранската шиитска милиција Хезболах истрелува ракети, артилерија и противтенковски гранати врз северен Израел од 8 октомври.

Шок во Тирана: Тројца мажи киднапирале момче среде главниот плоштад и го силувале

Во Тирана денеска е киднапиран и силуван 20-годишен млад човек, соопшти полицијата, додавајќи дека сторителите се уапсени.

Невидениот настан се случил на плоштадот Скендербег во центарот на Тирана, каде Д.Б. (36), Е.Х. (31) и неименуван 19-годишен маж, насилно го зеле 20-годишникот и го силувале, пренесува VoxNews.

Сите тројца се уапсени, додека уште еден маж на 28-годишна возраст исто така е лишен од слобода бидејќи не го пријавил делото.

Се сомнева дека целиот настан се случил од банални мотиви.

Според полицијата, тројцата со употреба на насилство го киднапирале младиот човек.

Специјалисти за истрага на криминал од Полициска станица бр. 1, откако добиле пријава од дваесетгодишен маж дека тројца мажи му ја одзеле слободата, веднаш организирале нивно фаќање.

Материјалите се проследени до Обвинителството.

Алигатор од 4 метри „ненајавено посети“ училиште во Флорида (ВИДЕО)

Експерти за диви животни биле повикани во училиште во Флорида откако граѓани забележале алигатор како талка по патеката.

Локалната полиција набрзо пристигнала на местото на настанот. Било истакнато дека рептилот талка низ делот што секојдневно го користат децата, пренесува UPI.com.

На Инстаграм е објавено видео од фаќањето на импресивен алигатор од 3,8 метри.

„Надлежните служби беа на штрек додека не беше фатен, за да се обезбеди безбедност на граѓаните“, соопштено е.

Опасниот предатор е вратен во природното живеалиште, далеку од градското подрачје.

Се верил со порно актерка, ѝ дал прстен од милион долари, па сега се премисли (ФОТО)

Рајан Гарсија неодамна го победи американскиот боксер Девин Хени и му го нанесе првиот пораз во кариерата, но на крајот не го доби појасот затоа што на мерењето ја надмина границата со килограми.

Во меѓувреме, Гарсија стана центар на допинг скандал, тој беше позитивен на остарин, кој помага за зголемување на мускулната маса и најверојатно ќе биде суспендиран.

Но, она што најмногу ги наполни страниците на светските медиуми е тоа што тој ја запроси познатата порно актерка Савана Бонд. Сепак, многу брзо се „скрши“ и е виден во друштво на неколку топ модели.

– Тоа не беше мојот најдобар потег – рекол Гарсија, кој потрошил милион долари на прстенот, пренесуваат медиумите.

Гарсија гостувал во подкаст и на прашањето дали веќе раскинал со Савана, тој рече - ДА!

Се осврна и на приказните за допингот.

- На крајот на краиштата, јас не пијам стероиди, никогаш во животот не сум земал стероиди. Едвај земам суплементи. Чист сум во текот на целиот е*ен камп, а потоа наводно бев потежок ден пред и потоа.

притисни ентер