Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас ја осуди, како што рече, „опасната израелска ескалација“, наведувајќи дека тројца Палестинци биле убиени од израелските специјалци кои за време на апсењето се маскирале како Арапи, пренесува агенцијата АП.
Портпаролот Набил Абу Рдене ја повика меѓународната заедница и Соединетите држави да интервенираат за да се запрат ваквите напади.
Израелската армија и полицијата не одговориле веднаш на барањето за коментар.
Израелските медиуми објавија дека специјалните единици влегле во Џенин за да уапсат двајца оперативци од милитантната група Исламски џихад, кога се нашле на удар на пукање.
Како што беше објавено, еден од осомничените Палестинци е убиен, заедно со двајца припадници на безбедносните сили, пренесуваат медиумите.
Нема извештаи за жртви од израелска страна.