Изненадувачки пост: Најзгодниот холивудски пар објави развод

Актерскиот пар Ченинг Тејтум и Џена Дуан Тејтум се разведува.

Парот кој важеше за еден од најскладните парови во шоу бизнисот, ги шокираше своите следбеници на социјалните мрежи со заедничкото соопштение.

„После девет години брак, одлучивме да се разведеме. Го правиме тоа со љубов, ништо не се промени и понатаму ќе се сакаме и ќе бидеме најдобри родители за нашата Еверли“ – стои во заедничкото соопштение на парот во кое стои и дека “засекогаш ќе бидат најдобри пријатели“.

Објаснето е дека морале на ваков начин да соопштат, бидејќи водат јавни животи и оти на својата публика и ја должат само вистината.

Парот се запозна во 2006 година, а три години подоцна станаа маж и жена. Нивната петгодишна ќерка е круната на нивната љубов во која никој – се досега не се сомневаше.

За својот брак и двајцата се согласни дека бил преубаво патување, но дека на сето тоа сега му дошло крај.

Инаку, следниот месец планираат заедничка роденденска забава за својата ќерка и имаат намера да останат во добри односи.

Швионтек триумфираше во Мадрид откако спаси три меч топки против Сабаленка

Светската тенисерка број еден, Ига Швионтек за прв пат во кариерата ја освои титулата во Мадрид.

Тенисерката од Полска во финалето ја совлада минатогодишната шампионка Арина Сабаленка со 7:5, 4:6, 7:6(7), откако спаси три меч топки.

Натпреварот траеше повеќе од 3 часа, а Швионтек го освои 20-от трофеј во кариерата. Таа има вкупно 30 победи во календарската година и е непоразена во последните 7 финалиња.

Билансот меѓу двете сега е 7:3 во корист на Швионтек.

Израелски функционер: Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен преки

Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен прекин на војната.

Висок израелски функционер денеска изјави дека палестински Хамас „ја блокира секоја можност за договор за примирје“ инсистирајќи на целосен прекин на војната во Појасот Газа, за време на разговорите во Каиро во присуство на меѓународни посредници.

„Информациите според кои Израел прифатил да стави крај на војната, како дел од договорот за размена на затвореници, или дека Израел ќе дозволи со посредување да се гарантира дека војната ќе прекине се - неточни. Досега Хамас не се откажа од своето барање за завршување на војната и на тој начин ја блокира можноста за постигнување договор за примирје“, изјави функционерот, кој не сакаше да биде именуван.

Претставник на Хамас изјави за светските агенции дека нема напредок во денешните преговори во Каиро, со учество на посредниците (Египет, Катар, САД).

Тој додаде дека преговорите се завршени и дека денеска ќе се одржи нова рунда.

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите.

Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и домашни животни кои не биле евакуирани навреме.

Официјални претставници издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Нови врнежи се очекуваат утре, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку има обилни дождови.

притисни ентер