Изложба на словенски ракописи од Македонија во НУБ „ Св. Климент Охридски“

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ синоќа беше отворена ексклузивната изложба „Словенски ракописи од Македонија од XIII до XIX век“.

- Денеска пред македонската јавност ги презентираме оригиналните словенски ракописи од 13 до 19 век кои го посочуваат 1000–годишниот континуитет на писмениот и јазичен развој во Македонија како дел од цивилизациските текови низ времињата на Балканот и пошироко во Европа. Овие ракописи се наш своевиден национален културен влог во актуелниот процес на глобализацијата и културното прелевање меѓу народите, тие се симбол на македонскиот културен идентитет, наш најсилен аргумент кој можеме да го понудиме насекаде низ светот, рече министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска во поздравниот говор на отворањето на изложбата.

Таа посочи дека преку изложбата на најрепрезентативните ракописни книги кои се сведоци на илјадагодишната словенска писмена традиција на Македонија, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со еден мал дел од словенското книжевно наследство зачувано во Македонија.
- Овие ракописи имаат исклучителна вредност и се потврда на историските процеси низ кои се развивале македонската писменост, култура и цивилизација, нагласи Канческа - Милевска.

Директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Иван Заров подвлече дека отворањето на изложбата е во рамките на јубилејното чествување на 70 - годишнината од основањето на библиотеката „Св. Климент Охридски“.

- Денешнава изложба е причина за двојна радост и гордост. Најнапред заради повторното патување кон изворите на сопствената духовност, но и поради одбележувањето на седумдесетгодишниот јубилеј од основањето на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”. Оваа импозантна институција, која е вградена во темелите на македонската државност и е етаблирана во сите сегменти на културниот живот на нашата држава, е многу повеќе од библиотека, таа е стожер кој ја сублимира колективната меморија на македонскиот народ и неговата духовна култура, истакна директорот Заров.

Честитајќи го големиот јубилеј, министерката за култура Канческа-Милевска истакна дека по гостувањето на изложбата во Кралскиот музеј Мариемон во Белгија и скорашното претставување во Ватиканските музеи во рамките на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“ и 20 - годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Светата Столица, изложбата првпат е претставена пред македонската јавност.

- Отворањето на изложбата во НУБ „Св. Климент Охридски“ претставува исклучително значаен настан за македонската култура. Со него го одбележуваме опстојувањето на институцијата која веќе 70 години се грижи за културно - образовниот и научниот растеж на македонската држава. Универзитетската библиотека е трезорот во кој се чува нашето национално богатство, над 3.000 библиотечни единици во кои спаѓаат и вредните примероци од светската литература, како и дела од арапска, отоманска и персиска провиненција кои ја сочинуваат ретката ориентална збирка што ја поседува институцијата, рече Канческа - Милевска.

Република Македонија поседува голем број ракописи од Охридската книжевна школа кои се чуваат во трезорите на академските и на културните институции во државава, а повеќето од нив се дел и од археографската збирка на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје. /МИА

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер