Изгаснат пожарот кај велешко Караслари

Пожарот со кој беше зафатена борова шума во близина на велешкото село Караслари денеска напладне е изгаснат.

Во гаснењето учествуваа пожарникари од Велес, вработени од шумското стопанство „Бабуна" и од Шумската подружница од Свети Николе, а беа вклучени и два авиони „канадер" на Дирекцијата за заштита и спасување.

Командирот од Противпожарната бригада во Велес, Љупчо Лепидовски за МИА изјави дека со пожарот биле зафатени околу 40 хетари квалитетна борова шума.

– Поради опасноста повторно да избувне, нашата Противпожарна единица се уште е на терен, а тука со нас е и екипа од ШС „Бабуна". Тие ќе останат на терен поради контрола на опожарениот терен, рече Липидовски.

Покрај овој пожар, синоќа околу 17:30 часот бил изгаснат и пожарот кај селото Крива Круша каде горела нискостеблеста дабова шума на површина од околу два хектара. /МИА

Драма во Грција: Ќерка до смрт го претепа татко си на Голема Сабота

Жена (49) е уапсена на грчкиот остров Самос под сомнение дека утрово до смрт го претепала својот татко.

Се сомнева дека жената со некаков алат го нападнала таткото и му задала бројни удари кои биле фатални за несреќниот маж, објави Катимерини.

Засега не се знае мотивот за убиството.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан со историски резултат на изборите

Актуелниот градоначалник на Лондон освои рекорден трет мандат како прв човек на британската престолнина.

Кан освои историски трет мандат со сите 14 изборни единици во Лондон објавени досега, пренесува Sky News.

Тој ја доби довербата на 43,7 отсто од гласачите.

Неговата конзервативна ривалка Сузан Хол освои 32,6%.

Излезноста била 40,5%.

Во Лабуристичката партија имало стравувања дека резултатите од гласањето ќе бидат многу поблиски поради загриженоста за слабиот одѕив.

Сепак, Кан собрал 1.088.225 гласови, наспроти 811.518 на Хол.

Кан сега е првиот човек кој освоил трет мандат како градоначалник на Лондон.

Православните христијани ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението...

Верниците ги прават последните подготовки, а се подготвуваат и црквите во земјава...

Пред Соборниот храм е Дејан Трајкоски, какви се обичаите за денешниот ден и од колку часот треба да почне вечерната литургија?

притисни ентер