Изборниот законик на седница во понеделник

Продолжуваат партиските препукувања на релација власт-опозиција.

Измените на изборниот законик и најавениот референдум и денеска главна тема на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Од опозицијата обвинуваат дека власта ги прекршува процедурите при носењето на измените на изборниот законик, а со референдумот се прикрива грабеж.

„СДСМ загази во криминал и сите манипулации околу референдумот и партиските преговори се само обид да се покрие грабежот што се одвива во моментов. Обидот да се измени Изборниот законик со мнозинство од 61 пратеник без било каква консултација со експертите и опозицијата говори за фрустрациите на Заев. Никој во досегашната парламентарна историја не се обидел да ги заобиколи демократските принципи кои се градени од сите релевантни политички партии со децении наназад.

Од владејачката СДСМ пак не ги споменаа измените на изборниот законик, но возвратија со појаснување што значи консултативен референдум, и тврдат дека одлуките на референдумот ќе бидат обврзувачки и неприкосновени.

„Граѓаните се носители на суверенитетот, граѓаните одлучуваат на избори и на референдум. Референдумот е вистинска и непосредна демократија, а волјата изразена на него мора да биде обврзувачка за сите, бидејќи гласот на граѓаните е клучен за македонската иднина“

Измените на изборниот законик доцна синоќа поминаа на комисијата за европски прашања. Седницата помина во тензична атмосфера, со жестоки кавги и меѓусебни обвинувања, а гласање по поднесените 400 амандмани немаше. Претседателот на комисијата Груби тоа го оправда со големиот број на пријавени за збор, имајќи предвид дека роковите биле пробиени. Од опозицијата пак, ја обвинија власта дека го крши уставот и деловникот за работа на собранието.

Измените на изборниот законик во понеделник ќе се најдат на седница на пратениците. Веднаш потоа, ќе следува изборот на нови членови на Државната изборна комисија.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер