Избегнат судар во вселената- руско и американско летало за малку ќе настрадале, НАСА немоќна

Вселенското летало TIMED на американската вселенска агенција НАСА за малку ќе се судрело со рускиот сателит Космос 2221 во земјината орбита.

Двете летала биле најблиску во 7 часот и 34 минути утринава, но за среќа бил избегнат судир. Додека рускиот сателит долго време е неактивен и во пензија, од НАСА не можеле да влијаат на движењето на сателитот бидејќи летало по програмирана траекторија, пишува LiveScience.

Доколку двата сателити се судреле, тоа не само што би го уништило сателитот на НАСА кој го следи ефектот на Сонцето врз атмосферата на Земјата, туку потенцијално би предизвикало катастрофални судири со други објекти во орбитата, каде што има постојано зголемување на количината на вселенски отпад.

– Министерството за одбрана потврди дека ТАЈМЕД и Космос 2221 безбедно поминале еден покрај друг во 7 часот и 34 минути на 28 февруари. Иако двата сателити на чии траектории не може да се влијае повторно ќе поминат блиску еден до друг, ова беше најблиску и со текот на времето ќе се разделат - се вели во соопштението на НАСА.

Судирот би произвел многу отпад, се вели во соопштението на НАСА и американското Министерство за одбрана.

Сателитите кои не можат да се контролираат од Земјата се наоѓаат на надморска височина од 600 километри. Сателитот TIMED бил лансиран во орбитата на 7 декември 2001 година.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

Во руски напад во Сумската област оштетен високонапонски објект на Укренерго

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во руски напад со беспилотни летала и ракети врз Сумската област во Украина.

- Меѓу оштетената цивилна инфраструктура е и високонапонски објект на „Укренерго“ … Екипите за поправка на „Укренерго“ работат на постепено враќање на снабдувањето со енергија на потрошувачите, соопшти операторот.

Како што пренесува Укринформ, во соопштението се додава дека руските напади врз енергетските капацитети во регионот Харков не престануваат и оти вчера од безбедносни причини била исклучена опремата на локалната регионална енергетска компанија.

- Поголемиот дел од неа веќе е вратена во функција, но целосното обновување на снабдувањето со енергија е попречено од непријателствата во близина на објектите на енергетската инфраструктура, се вели во соопштението.

Израел почна евакуација на Рафа пред планираната воена операција

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска почнаа да го евакуираат Рафа во јужниот дел на Појасот Газа пред планираната воена операција во градот.

- Почнуваме операција со ограничен опсег за привремено евакуирање на жителите на источен Рафа, изјави портпаролот на ИДФ.

ИДФ ги повикаа жителите на источниот дел на градот на границата со Египет да се преселат во кампот Ал-Маваси на Медитеранот неколку километри северно. Според портпаролот на ИДФ, се проценува дека се погодени околу 100.000 луѓе. Тие биле информирани преку СМС порака, телефон, летоци и преку медиуми на арапски јазик.

Луѓето треба да одат во „проширена хуманитарна област“ во областа Ал-Маваси. Таму има храна, вода и лекови, рече портпаролот на ИДФ. Армијата исто така постави теренски болници. Портпаролот не можеше да каже колку време имаат луѓето да се евакуираат.

Тој нагласи дека доставувањето хуманитарна помош за населението ќе продолжи непречено за време на операцијата за евакуација. Таа може да се донесе до крајбрежниот појас преку различни рути, на пример преку пристаништето во Ашдод.

притисни ентер