Избега најбараниот босански терорист

Нусрет Имамовиќ , поранешен водач на заедницата на радикални исламисти во БиХ , заедно со семејството и телохранителите избегал од земјата.

Според податоците на безбедносните сили на БиХ , Имамовиќ кој се борел во редовите на ИД во Сирија , избегал и се крие во Либија. Со него пребегале и членовите на неговото семејство , сопругата и трите деца. Имамовиќ беше водач на заедницата на радикални исламисти – селефии , кои имаа седиште во селото Горња Миоча во близина на босанското место Брчко.

Тој заминал во 2013 во Сирија и се борел за ИД и во оваа земја и во Ирак. Заедно со Имамовиќ во Либија пребегале и други припадници на неговата терористичка група , кои се нарекуваат негови телохранители.

На црвената потерница на Интерпол се наоѓаат 25 терористи од БиХ , кои се бореле во редовите на ИД.

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска локалните власти.

Силниот дожд што паѓа во областа од четвртокот предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Сулавеси, а беа погодени повеќе од 1.000 куќи, од кои 42 целосно се урнаа.

Екипите за пребарување и спасување ги евакуираат жителите со гумени чамци, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се работи за иднината на државата.

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на ДПМНЕ како она на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните.

Со Мицкоски и ДПМНЕ ни следи враќање 20 години назад, изолација, уривање на слободата на медиумите, внатрешни поделби и оддалечување од европскиот пат. Тоа носи сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 за претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и за кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Да не дозволат враќање на режимот во најава, да гласаат за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се обидува да поткупи гласачи дури и во верски објекти, секако одат во опозиција

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.

Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се наведува во партиското сопштение.

притисни ентер