Итно е опериран синот на Џон Ленон, објави дека има страшна дијагноза (ФОТО)

Музичарот Џулијан Ленон (61), син на легендарниот Џон Ленон, откри дека итно бил префрлен во болница откако на рутински преглед лекар му открил рак на кожата.

На социјалната мрежа Х, Џулијан ја сподели состојбата на своето тело по операцијата, предупредувајќи ги фановите на „вознемирувачки фотографии“ од неговите лузни.

Пред неколку години, пред да отпатува за Њујорк, Џулијан отишол кај дерматолог во Лос Анџелес, кој му дијагностицирал рак на кожата.

- Пред да полетам за Њујорк, отидов, како и обично, кај мојот драг дерматолог, кој пред неколку години ми го откри и оперира ракот на кожата. Таа буквално ми го спаси животот – почна тој.

Меѓутоа, откако ги завршил обврските во Њујорк, дерматологот итно го повикал назад во Лос Анџелес бидејќи открила две сомнителни места на неговата кожа – една на рамото и една на подлактицата. Еден од нив бил меланом, за кој била потребна итна операција.

- Така, наместо да одам дома за да ја поставам мојата елка и среќно да ја завршам годината релаксирајќи се дома, веднаш одлетав назад во Лос Анџелес, откако заврши целата моја работа во Њујорк, и отидов директно од аеродромот на операција, кај хирург препорачан од дерматологот. Поминав неколку часа на операција, со надеж дека на крајот на денот ќе се излечам од рак - додаде тој.

– Операцијата беше успешна, но се уште ги чекаме резултатите од биопсијата, кои можеби нема да ги добиеме пред Божиќ – заклучил музичарот и им порача на сите редовно да одат на прегледи.

Во коментарите неговите обожаватели му посакаа брзо закрепнување и му се заблагодарија што ја подигна свеста за ракот на кожата.

- Можеби си спасил уште еден живот. Среќен Божиќ на еден од моите омилени уметници на сите времиња“, напиша еден фан.

Нетанјаху се заканува дека ќе дејствува насилно и решително против бунтовниците во Јемен

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска им се закани на јеменските бунтовници хути дека ќе дејствува со „сила и решителност“, еден ден по нападот на тие бунтовници врз Тел Авив во кој повредија 16 лица.

„На ист начин како што постапивме со сила против вооружените крила на иранската оска на злото, ќе дејствуваме и против хутите... со сила, решително и софистицирано“, рече Нетанјаху.

Израелскиот премиер додаде дека дури и ако е потребно време, „резултатот ќе биде ист како кај другите терористички групи“.

Јеменските бунтовници ја презедоа одговорноста за истрелување балистичка ракета ноќта меѓу петокот и саботата, која израелските сили не успеаја да ја пресретнат.

19 жени кои го победиле ракот, вечерва ги облекоа фустаните на Елена Лука

19 жени кои го победиле ракот, вечерва ги облекоа фустаните на Елена Лука на специјална модна ревија.

Под мотото „Во чест на храброста, духот и вистинската убавина на жената која го победи ракот“ во Младинскиот културен центар се одржа „Ексклузивна модна ревија", на Елена Лука на која модели беа инспиративни жени кои ја добиле битката со карциномот.

Модната ревија која се реализира во соработка со здружението ХЕМА-ОНКО и Словачката амбасада во Скопје е вистинска прослава на животот, храброста и убавината на жените кои се соочиле со еден од најтешките животни предизвици.

Елена Лука е ко-организатор на оваа модна ревија на која моделите не се само презентери на свечени тоалети, туку хероини кои покажуваат дека и во најтешките моменти може да се пронајде сила. На оваа уникатна ревија беа прикажани повеќе свечени тоалети од елена лука, секоја креирана со посебна љубов и посветеност.

Џеј Ло за развод од Бен Афлек: Ништо не е случајно, се се случува со причина

Мегапопуларна пејачка и актерка Џенифер Лопез за британскиот Вог раскажа како ги надминала тешкотиите по разводот со Бен Афлек.

Актерката зборуваше за магазинот по повод претставувањето на нејзиниот нов филм „Unstoppable“, кој го продуцираше нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек.

„Размислував така да некои работи не ми се случуваат мене, туку се случуваат за мене, и се обидувам да сфатам која е лекцијата што треба да се научи во овој момент“, рече таа, додавајќи: „Кога размислувам за такви работи и останувам во еден вид попозитивен начин на размислување за тоа, полесно е да се прифати како лекција за тоа што е“.

Таа истакна дека секогаш размислува што треба да научи од животните ситуации кои и се случуваат и напомена дека не верува во случајности. „Ништо не се случува случајно. Сè се случува со причина“, додаде таа.

„Секогаш се прашувам што можам да научам и како да излезам на другата страна подобра, посилна, пообразована и некако да пораснам од таа точка“, заклучи таа на крајот.

Инаку, Лопез и Афлек се венчаа повеќе од 20 години откако се запознаа на снимањето на комедијата Џигли. Двојката првпат се вери во ноември 2002 година. Неколку дена пред да се венчаат во септември 2003 година, тие ја откажаа венчавката наведувајќи го „прекумерното медиумско внимание“. Во јануари 2004 година тие официјално раскинаа, но 16 години подоцна и дадоа уште една шанса на својата љубов, која не траеше долго.

притисни ентер