Исмаили побарал Аквадуктот да се стави под Управата за заштита на културното наследство

Министерот за култура Хусни Исмаили на вчерашната владина седница предложил заклучоци и информации во врска со скопскиот Аквадукт, односно побарал да се стави под заштита на Управата за заштита на културното наследство.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Спомен куќата на Мајка Тереза, во врска со оштетувањата на Аквадуктот, Исмаили посочи дека таа работа треба да се координира со странски експерти, кои веќе имаат искуство од оваа област, бидејќи како што рече, нашите конзерватори првпат во својата кариера наидуваат на еден таков потфат од „специфичен вид".

– Од конзерваторскиот центар имамве разговори, сакавме тоа да го возобновиме што поскоро, но објектот е од специфичен вид, единствен од таква природа и нашите конзерватори првпат во својата кариера наидуваат на еден таков потфат бидејќи немаат искуство, така да таа работа треба да се координира со странските експерти кои треба да ги повикаме и кои веќе имаат искуство од оваа област, рече Исмаили.

Тој посочи дека ќе работат на обезбедување стражарска служба и видео надзор, односно ќе направат се што е во нивна можност да го заштитат Аквадуктот.

„Гответе со Дракче“ - Баци пинџур

Во вторник (07.05.2024) во емисијата гостин ни беше Благица Павловска

Состојки за денешниот рецепт:

9 пиперки

4 црвени домати

1 врзопче младо лукче

3 чешниња лук

сол по вкус

маслиново масло

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатната линија 0800 54321

Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право кај народниот правобранител на бесплатната  линија 0800 54321

Денеска како што информираа од Јавното обвинителство граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на електронска адреса .

Граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право кај Народниот правобранител на бесплатната телефонска линија 0800 54321, како и лично во канцелариите на омбудсманот.

Граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на [email protected]

Под 5 проценти е излезноста до 09:00 часот во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица до 09:00 часот од вкупно 6652 гласачи за вториот круг од претседателските избори гласале 332 избирачи.

Како што информираа од тамошната ОИК, бројката е слична и за парламентарните избори на кои своето право на глас, од 6641 граѓани гласале 331 лице.

- Во проценти до 09:00 часот бројката за вториот круг од претседателски избори изнесува 4,99 проценти, додека таа бројка за парламентарни избори изнесува 4,98 проценти, појаснија од ОИК.

Во оваа општина избирачките места, како што информираат од ОИК, биле отворени навреме, а гласањето се одвива во најдобар ред.

притисни ентер