Исхраната има поголемо влијание врз менталното здравје отколку што се мислеше!

Како јадете, така се чувствувате...

Колку и да избегнуваме стресни ситуации, понекогаш храната е таа што управува со нашата ментална состојба. Според резултатите од бројни студии, исхраната има многу поголемо влијание врз нашето ментално здравје отколку што се мислеше некогаш.

Видот на микробите во нашите црева и гастроинтестиналниот тракт имаат директно влијание врз нашето расположение. Ако сакаме да влијаеме на тие микроби, според стручњаците, треба да ја промениме исхраната. Резултатите од овие студии, како што се надеваат лекарите, а пишуваше канадски Си-Би-Си, би можеле да им помогнат и на пациенти кои страдаат од ментални болести.

Едно канадско истражување покажало дека децата на возраст од 10 и 11 години ако се хранат здраво, спијат добро, физички се поактивни, а помалку време поминуваат пред екраните, имаат помал ризик да се соочат со проблеми со менталното здравје како адолесценти

Според Бони Каплан, проферска на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Калгари, децата кои се хранат здраво, имаат помал ризик да бидат анксиозни и депресивни.

Исхраната богата со хранливи материи има позитивно влијание не само на менталното, туку и на целокупното здравје. Друга студија објавена во „JAMA Network Open“ покажа дека учесниците кои јаделе преработена храна имале поголем ризик од депресија.

Како цревата се поврзани со мозокот?

Нашите црева се директно поврзани со мозокот, така што исхраната влијае на нашето расположение. Нашиот микробиом се состои од добри и лоши бактерии кои ни помагаат да ја вариме храната. Овие бактерии, според експертите, испраќаат сигнали до нашите имунолошки клетки кои живеат во цревата. Тие потоа реагираат и ослободуваат сопствени сигнали кои патуваат низ крвотокот до нашиот мозок и влијаат на нашето расположение.

Која храна му помага на мозокот?

Она што се смета за медитеранска исхрана може да ги намали симптомите на депресија и анксиозност, покажаа студиите. Ова значи дека треба да внесуваме повеќе овошје и зеленчук, грав, јаткасти плодови, риба, месо, јајца и мали количини на млечни производи.

Растителните влакна се покажаа како исклучително важни во овој процес, па според препораките на експертите, најдобро е во исхраната да внесеме зелјест зеленчук како зелка, брокула, карфиол, потоа тиква, како и овошје: јаболка, круши и авокадо, потоа житарици, мешунки и леќа.

Како се развиваат микробиомите?

Иако исхраната има влијание врз нашиот микробиом, некои бактерии се во телото уште од нашето раѓање, особено кај бебињата кои се родени со царски рез. Имено, кај бебињата родени по природен пат, се сретнуваат бројни корисни микроби отколку кај бебињата породени хируршки.

Исто така, врз развојот на микробиомот, зависи и дали бебето се храни со мајчино млеко или адаптирано. Секако, мајчиното млеко е подобро и поздраво, и директно влијае врз имунитетот на детето.

Сепак, храната не е магичен лек

Како што нагласуваат експертите и лекарите, психичките болести се предизвикани од многу сложени фактори и промената на исхраната не е магичен лек. Според д-р Каплан, постојат многу причини за ментални нарушувања, а храната не може да помогне при сериозни ментални болести без интензивна психотерапија.

Промената на начинот на исхрана придонесува позитивни промени врз здравјето на пациентот, а според експертите, дури и пациентите кои се на антидепресиви можат да имаат корист од здравата исхрана.

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер