Исчезнале непроценливиот часовник и златниот печат на Његош

Собниот часовник на Петар Петровиќ Његош , украсен со брилијанти и златниот печат на дворската канцеларија , исчезнале од Музејот на Црна Гора.

Двата вредни предмети на црногосрскиот владар , владика и песник , Петар II Петровиќ Његош исчезнале од списокот на трезорски вредности во Народниот музеј на Црна Гора.

Тоа во кривичната пријава го навел музејскиот техничар Александар Беркуљан. Тој вчера поднел пријава во Основното државно обвинителство во Цетиње.

Во пријавата било констатирано и дека недостасуваат најмалку 350 примероци од филателистичката збирка на Његош.

Отворено студио на Канал 5: Како би изгледала новата Влада?

Во отвореното студио на Канал 5 по повод двојните избори во Македонија се дискутираше за тоа како би изгледала новата Влада.

Според Горан Момироски ВМРО-ДПМНЕ оди кон 58 пратеници, а ВЛЕН и ЗНАМ се сериозни кандидати за да влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

За Љупчо Зиков е прерано да се лицитира со цифри на пратеници, а според него на платнформата за новата влада според ќе се најдат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Најмалку 85 жртви во поплавите во Бразил- претседдателот бара прогласување вонредна состојба

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба поради поплавите предизвикани од обилните дождови во кои загинаа најмалку 85 луѓе во најјужната држава Рио Гранде до Сул,покажуваат најновите податоци.

Оваа мерка би овозможила одобрување на дополнителни државни распределби без потреба да се почитуваат ограничувањата предвидени со фискалните правила кои стапија на сила минатата година.

„Сè уште немаме проценка за тоа што ќе биде неопходно. Само кога водата ќе се повлече ќе го видиме обемот на штетата“, рече министерот за планирање Симон Тебет, како што пренесува Ројтерс.

Гувернерот на Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите изјави дека бројот на загинати може значително да се зголеми бидејќи спасувачите напредуваат.

Повеќе од 130 луѓе се уште се водат како исчезнати откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, а раселени се околу 150.000 луѓе, соопшти Управата за цивилна одбрана на земјата.

Поплавите уништија патишта и мостови во неколку градови, предизвикувајќи лизгање на земјиштето.

Временските услови се подобрија во понеделникот, но синоптичарите соопштија дека се очекува повторно да врне обилен дожд помеѓу 10 и 15 мај.

Муцунски: Очекуваме одличен резултат и уште вечерва да се знае каква ќе биде Владата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, рече дека ДУИ вечерва станува опозиција, зашто беше дел на криминална Влада.

Муцунски рече дека очекува одличен резултат на парламентарните избори и дека цензусот за претседателските избори ќе биде надминат со сигурна победа на Гордана Силјановска- Давкова.

притисни ентер