Иранска адвокатка осудена на 38 години затвор и 148 удари со камшик (ВИДЕО)

Адвокатката за човекови права од Иран , Насрин Сутудех , е затворена минатата година , а во понеделникот доби и драконска казна.

Нејзиниот сопруг Реза Кандан тврди дека адвокатката е осудена на 38 години затвор и на 148 удари со камшик. Сутудех беше адвокат на опозициските активисти , како и на жените осудени поради симнување на превезот преку лицата , хиџаб.

Таа е уапсена и затворена во јуни минатата година под обвинение за шпионажа , ширење пропаганда и навреда на иранскиот врховен водач.

Во Иран од лани почна женското движење за појавување на јавни места на храбри жени , кои ги фрлаат хиџабите и бурките . Носењето на оваа прекривка во Иран е регулирано со закон.

Според државните медиуми и судот , адвокатката добила ,,само” седум години затвор . Судијата Мохамед Мокисех изјавил дека жената е осудена на пет години затвор за собири против националната безбедност и две години затвор за навреда на врховниот лидер , Али Хамнеи.

Драма во Грција: Ќерка до смрт го претепа татко си на Голема Сабота

Жена (49) е уапсена на грчкиот остров Самос под сомнение дека утрово до смрт го претепала својот татко.

Се сомнева дека жената со некаков алат го нападнала таткото и му задала бројни удари кои биле фатални за несреќниот маж, објави Катимерини.

Засега не се знае мотивот за убиството.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан со историски резултат на изборите

Актуелниот градоначалник на Лондон освои рекорден трет мандат како прв човек на британската престолнина.

Кан освои историски трет мандат со сите 14 изборни единици во Лондон објавени досега, пренесува Sky News.

Тој ја доби довербата на 43,7 отсто од гласачите.

Неговата конзервативна ривалка Сузан Хол освои 32,6%.

Излезноста била 40,5%.

Во Лабуристичката партија имало стравувања дека резултатите од гласањето ќе бидат многу поблиски поради загриженоста за слабиот одѕив.

Сепак, Кан собрал 1.088.225 гласови, наспроти 811.518 на Хол.

Кан сега е првиот човек кој освоил трет мандат како градоначалник на Лондон.

Православните христијани ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението...

Верниците ги прават последните подготовки, а се подготвуваат и црквите во земјава...

Пред Соборниот храм е Дејан Трајкоски, какви се обичаите за денешниот ден и од колку часот треба да почне вечерната литургија?

притисни ентер