Поради ненадејна инвазија на мечка во Риркапиј во автономниот округ Чукутск, властите ги откажаа сите јавни активности , а училиштата се под будното око на чуварите.
Експертите веднаш тврдат дека причините за неочекуваната „посета“ треба да се бараат во климатските промени, бидејќи растечкиот леден слој ги тера мечките да бараат храна на село наместо да одат на море. Некои дури заклучија дека единствената преостаната опција за 700 жители на Риркапиј е трајна евакуација.
Татјана Миненко, шеф на „патролата за мечки“ во Риркапиј, за РИА Новости изјави дека таа и нејзините колеги изброиле дури 56 мечки во селото.
- Меѓу животните има стари и млади, а има и многу женки со потомство. Но, скоро сите изгледаат заслабнато “, изјави Миненко.
Очигледно, тие не јаделе долго време и нивниот апетит е навистина огромен.
- Ако мразот беше доволно силен за мечките, или барем некои од нив, тие веќе ќе излегоа на море за да ловат риби или друг плен. Додека чекаат мразот да зацврсти, логично е дека селото е попривлечено за нив како извор за храна - рече екологот Михаил Стишов.
Научникот Анатолиј Кочнев за руската новинска агенција Тас изјави дека посетите на поларните мечки стануваат почести .Пред пет години, можеби само пет од нив би се осмелиле да стигнат до селото.
- Како научник, мислам дека селото Риркапиј веќе не треба да постои. Ние се обидуваме да ја задржиме ситуацијата под контрола, но никој навистина не сака да помисли што би можело да се случи за три или пет години - рече Кочнев.