Интел ќе произведува чипови во Германија, вложуваат над 30 милијарди евра

Американскиот технолошки гигант Интел објави денеска  дека ќе инвестира повеќе од 30 милијарди евра во производството на чипови во Германија, а договорот со владата во Берлин вклучува 10 милијарди евра државни субвенции, според информиран извор.

Пред само една недела германскиот министер за финансии Кристијан Линднер го отфрли барањето на американскиот технолошки гигант за зголемување на субвенциите за фабриката за чипови, наведувајќи ги буџетските ограничувања.

Владата обезбедила 6,8 милијарди евра државна поддршка за новата фабрика на Интел, но компанијата бара износот да се зголеми на околу 10 милијарди евра поради повисоките трошоци за енергија и изградба, објави тогаш Financial Times.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек на почетокот на месецот изјави дека бараната сума е висока, но нагласи и дека го сакаат Интел во Германија. Интел е меѓу „големите играчи“, а производството на полупроводници е многу важно, рече тогаш министерот Хабек.

Денеска извршниот директор на Интел, Пат Гелсингер, им се заблагодари на германската влада и на сојузната покраина Саксонија-Анхалт, каде што планираат да го изградат производниот капацитет, за „создавањето услови за реализација на визијата за динамична, одржлива и модерна индустрија за полупроводници во Германија и ЕУ“.

Првично, Интел сакале да инвестираат 17 милијарди евра во фабриката во Магдебург, а таа сума сега е речиси двојно зголемена.

Првиот производствен капацитет треба да започне со работа четири до пет години откако Европската комисија ќе го одобри пакетот за субвенции, соопшти Интел. Владата во Берлин троши милијарди евра за да привлече технолошки компании и да ги олесни проблемите со снабдувањето и зависноста од чипови од Јужна Кореја и Тајван.

„Денешниот договор е важен чекор за развојот на Германија во локација на технолошки софистицирано производство и за нашата издржливост“, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц.

Под водство на Гелсинџер, Интел инвестира милијарди во изградба на фабрики на три континенти за да ја врати својата доминантна позиција во производството на чипови и поуспешно да се натпреварува со AMD, Nvidia и Samsung.

Договорот со Германија ќе биде трета голема инвестиција на Интел за четири дена, по најавените 4,6 милијарди евра за фабрика за чипови во Полска и 25 милијарди инвестиции во Израел.

Компанијата минатата година објави дека ќе изгради комплекс за производство на чипови во Магдебург, Германија, како дел од инвестицијата од 88 милијарди долари во Европа, која вклучува проширување на фабриката во Ирска, капацитет за пакување и монтажа во Италија и истражувачки центар во Франција.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер