Институт за демократија: Пад за поддршката за ЕУ, но се уште се смета за најголем сојузник на државата

Иако сеуште е значително висок, забележан е пад на кредибилитетот на ЕУ и важноста на ЕУ во животите на македонските граѓани, но Унијата се уште се смета за најголем сојузник на државата.

Ова се дел од наодите од двете истражувања изработени од страна на Институтот за демократија „Социетас Цивилис" во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер кои беа презентирани денеска во Јавна Соба во Скопје – Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија" (2014 – 2019) и „Што сега? Неизвесноста на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ во 2019".

Имено, според истражувањата, во 2018, 72 отсто од испитаниците се изјасниле дека би гласале на референдум за влез во ЕУ, додека 2019 така одговориле 65 отсто. Во 2018 за 80 отсто од испитаниците било важно да влеземе во ЕУ, додека во 2019 така се изјасниле 65 отсто од граѓаните. Тоа покажува дека поддршката за членство во ЕУ бележи значителен пад од 15 проценти во споредба со последните шест години.

Претседателот на ИДСЦС, Марко Трошановски потенцираше дека лошата вест која произлегува од овие истражувања е дека кредибилитетот на Европската Унија е намален и дека засилено се чувствуваат ефектите од одложувањето на започнувањето на преговорите со нашата земја.

-Намалена е и важноста на ЕУ во животите на нашите граѓани и тој процес се очекува и понатаму да има негативен тренд доколку се одложува почетокот на преговори или ЕУ не си стои на зборот. Добрата вест е што оваа ситуација на некој начин отвара можности, односно во време на криза е добро кога јавноста се свртува кон самата себе и се зголемува критичноста дека реформите кои што се случуваат се случуваат само поради нас самите. Тоа укажува дека јавното мислење го преживеало тестот на реалноста, рече Трошановски.

Сандра Кољчакова, програмски менаџер во Фондација Конрад Аденауер истакна дека анализите се значајни затоа што даваат осврт како јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија се развивало во последните пет години.

-На 12 април граѓаните ќе излезат на избори и ќе го дадат гласот за тоа што политичките опции прават во поглед на европските интеграции и колку тие европски интеграции се сега важни за самите граѓани и дали политичките партии треба да ги постават европските интеграции на врвот на агендата на нивните политички програми кои допрва треба да ни ги престават. Политичките партии сега треба овие анализи да ги искористат за да видат кои им се потребите на граѓаните, што тие сакаат и на кој начин ќе одговорат на тие барања, вели Кољчакова.

Според резултатите од анализите, една третина од етничките Македонци се убедени дека Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ, а близу 20 отсто од населението има евроскептични ставови кои се поизразени кај постарата популација.

Неостварувањето на потребните реформи за влез во ЕУ и неподготвеноста на ЕУ да ја прифати Македонија како своја членка, се посочува, се перципирани како најголеми бариери на перспективите на Македонија за членство во ЕУ.

Повеќе од половина од испитаниците (55 отсто) сметаат дека Македонија не е подготвена за членство во ЕУ, додека 37 отсто сметаат дека е подготвена. Мнозинството граѓани (57,8 процети) не веруваат дека државата ќе добие датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ во 2020 година, додека една третина (31,9 отсто) остануваат оптимисти дека ова би можело да се случи.

Европската Унија според граѓаните е најголем сојузник на земјата (43,2), потоа следува Русија (20 отсто) и САД (16,3 проценти).

Двете истражувања на авторите Иван Дамјановски, Иван Николовски и Мари Јеленка Кирхнер може да се погледнат на македонски и англиски јазик на веб страницата на Институтот за демократија Социетас цивилис. /МИА

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски од Градскиот парк испраќа порака дека врсничкото насилство булингот може да има сериозни последици доколку не се превенира и спречи.

Денеска во Градскиот парк компанијата Макпетрол одржа музички хепенинг во рамки на кампањата Крени глас - Стоп за булинг каде учество зема и Општина Центар. Герасимовски оттаму порачува дека локалните самоуправи под чија надлежност се училиштата имаат одговорност да ги заштитат учениците од булинг.

-Врсничкото насилство е сериозен проблем кој најчесто започнува во основното образование и затоа ние како локални самоуправи имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за зголемување на безбедноста на децата. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството и согласно ова ние спроведовме бројни обуки за негово препознавање, превенирање и спречување, вели Герасимовски.

Општина Центар по приклучувањето на кампањата на Макпетрол веднаш спроведе низа работилници и обуки за наставниците и стручните соработници од училиштата за рано препознавање, превенција и спречување на булингот во основните училишта во општината. Обуките беа спроведени од еминентни универзитетски професори стручни во областа. Општина Центар по дојава на граѓани за врсничко насилство меѓу врсниците низ Дебар маало во соработка со МВР обезбеди зачестени полициски патроли и неколкупати заедно со родители и полициски службеници направи обиколка во Градскиот парк каде се собираат младите.

Градоначалникот Герасимовски потенцира дека во растењето и однесувањето на децата сите имаат одговорност.

-Воспитувањето доаѓа од дома, врсничкото насилство не смее да се игнорира. Затоа упатувам порака за отворена комуникација на родителите и стручните служби со децата бидејќи тоа е најдобриот начин да ги заштитиме. Да ги охрабриме децата да зборуваат, да зборуваме и ние, да реагираме и да ги заштитиме, порачува тој.

Општина Центар

Ако ЕЦБ ги намали каматите, тоа ќе се рефлектира и кај нас, но не со таа динамика како во ЕУ

 Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки. 

Ако Европската централна банка почне да ја намалува каматната стапка тоа ќе има ефект и кај нас, меѓутоа можеби не со таа динамика како во земјите од Европската унија, бидејќи ние имаме повисока стапка на инфлација од нив, сметаат експертите кои денеска присуствуваа на 29. Годишно собрание на АЦИ Македонија.

Едногласни се дека Народната банка ќе ја следи политиката на Европската централна банка, но состојбата се усложнува бидејќи не се знае што ќе се случува со американските федерални резерви, кои исто така имаат влијание на каматните стапки.

Според академик Таки Фики, Народната банка ја следи политиката што ја води Европската централна банка и оттука произлегува очекуваноста дека ако ЕЦБ ги намали каматите, ќе бидат намалени и каматните стапки во земјава.

- Знаете дека денарот е врзан со еврото, што значи на еден или друг начин го увезуваме кредибилитетот на Европската централна банка и политиката што ја води Европската централна банка ја следи нашата Народна банка. Податоците особено после 2013 година покажуваат дека има неверојатно совпаѓање, синхронизираност меѓу движењето на каматната стапка во Европската централна банка и кај нас, појаснува академик Фити.

Првиот човек на АЦИ Македонија Бојан Цветановски вели дека состојбата е неизвесна, но дека од она што се гледа последните денови, веќе се антиципира одредено намалување на каматните стапки и во САД, иако тоа најверојатно ќе биде од септември.

- Мислам дека нашата Народна банка ќе ја следи Европската централна банка, каде намалувањето од 25 основни поени се очекува во јуни, тоа е прв чекор, но претседателката Лагард кажа дека тоа не најавува ново темпо на намалување. Се ќе зависи од натамошните движења на инфлацијата и пред се на цените на пазарот на стоки, појјаснува Цветановски.

Економските очекувања во САД, според него, зависат и од тоа кој ќе го добие идниот претседателски мандат, а особено внимание треба да се посвети и на цената на нафтата.

- Нафтата е инпут за производство за другите суровини за производство и нејзината висока цена може да значи нови инфлаторни притисоци. Сега имаме смирување на цената која падна од 90 на 83 долари за барел, појаснува Цветановски.

Поради високата инфлација во земјата, Народната банка на неколкупати беше принудена да ја зголеми основната каматна стапка на благајничките записи.

Заседаваше претседателството на ДУИ во Мала Речица, нема конкретни одлуки

Одлуката на управниот суд, го вклучи алармот во ДУИ. Али Ахмети итно го свика претседателството на партијата попладнево во Мала Речица, за да кројат стратегија како понатаму.

Таму е Јана Јосифовска. Дали заврши состанокот и дали се познати следните чекори на ДУИ?

притисни ентер