Индија бележи рекорден број новозаразени со корона веќе 12 дена по ред

Индија регистрира повеќе од 300.000 нови инфекции со коронавирус 12-ти ден по ред, со што вкупниот број достигна скоро 20 милиони заразени, а бројот на починати се зголеми за 3.417 лица.

Со 368.147 нови случаи во изминатите 24 часа, заразени се вкупно 19,93 милиони, а вкупниот број на смртни случаи од ковид-19 е 218.959, според Министерството за здравство.

Здравствените експерти велат дека вистинската бројка од 1,35 милијарди луѓе на национално ниво може да биде и 10 пати поголема од официјалните податоци.

Болниците ги исполнија нивните капацитети, има недостиг на медицински кислород, мртовечниците и крематориумите се поплавени поради огромното зголемување на бројот на заразени лица.

Најмалку 11 држави и федерални територии вовеле некаква форма на ограничување во обид да се запре заразата, но владата на премиерот Нарендра Моди, загрижена за економските последици, не е подготвена да воведе национално затворање.

„Според мое мислење, само одредба на национално ниво да се остане дома и да се прогласи итна здравствена состојба ќе помогне во решавањето на моменталните здравствени потреби“, напиша епидемиологот Брамар Мукерџи од Универзитетот во Мичиген на Твитер. "Бројот на активни случаи се акумулира, не само дневно со нови случаи. Дури и според пријавените државни податоци, активни се околу 3,5 милиони случаи", рече епидемиологот.

Остриот пораст на бројот на заразени е најтешката индиска криза откако Моди ја презеде функцијата во 2014 година. Моди беше критикуван за тоа што не презеде чекори за спречување на ширењето на вирусот и за тоа што дозволи милиони луѓе, главно без маски, да присуствуваат на верски фестивали и преполни политички митинзи во пет држави во март и април.

Форум за научни советници основан од владата ги предупреди индиските власти на почетокот на март за нова и позаразна варијанта на коронавирусот што ја зафати земјата, изјавија петмина научници кои се дел од форумот за Ројтерс.

И покрај предупредувањето, четворица научници изјавија дека сојузната влада не се обидела да воведе големи ограничувања за да се запре ширењето на вирусот.

Останува да се види како управувањето со кризите на Моди ќе има политичко влијание врз неговата партија. Следните општи избори се закажани за 2024 година.

Партијата на Моди беше поразена во индиската држава Западен Бенгал според резултатите објавени вчера, иако победи во соседната држава Асам.

Лидерите на 13 опозициски партии вчера потпишаа писмо со барање Моди веднаш да воведе бесплатна национална вакцинација и, како приоритет, да ги снабдува болниците и кризните центри со медицински кислород.

Националниот оддел за здравство вели дека државите имаат на располагање 10 милиони дози на вакцина и ќе имаат уште 2 милиони во следните три дена.

Иако е најголем производител на вакцини во светот, Индија нема доволно за себе - што го нарушува планот за проширување на вакцинацијата. Само околу 9 проценти од 1,4 милијарди луѓе биле вакцинирани со првата доза.

Индија се бори да го зголеми капацитетот за повеќе од 80 милиони дози месечно поради недостиг на суровини и пожар во Институтот за серум каде што се произведува вакцината АстраЗенека.

Меѓународната помош пристигнува во Индија.Велика Британија ќе испрати уште 1.000 респиратори во Индија, соопшти владата.

Индиската варијанта на ковид-19 сега погоди најмалку 17 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Швајцарија и Иран, што предизвика неколку држави да ги затворат своите граници за патниците од Индија.

Северна Кореја лансира „неидентификувана балистичка ракета“

Северна Кореја истрела најмалку една „неидентификувана балистичка ракета“, соопшти денеска јужнокорејската војска.

Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета во правец на Источното Море, наречено и Јапонско Море, соопшти началникот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Додека јапонската јавна телевизија НХК, повикувајќи се на државни извори, најверојатно проектилот бил со мал дострел.

Лансирањето на проектилот се случи неколку часа откако Ким Јо-јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, негираше дека Северна Кореја и испорачува оружје на Русија. /МИА

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. 

Штипската полиција вчера во 16.00 часот на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, ја лишила од слобода Џ.С.(23) од Кочани, која се сомничи дека на 15 мај годинава извршила кривично дело „разбојништво“ над Л.М.(69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи.

Како што информираат денеска од МВР, Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: Фаталната русокоса повторно во бикини!!

Супермоделот и актерка Кејт Аптон позирала за уште една насловна страница на магазинот „Sports Illustrated Swimsuit“; овој пат на 60-годишнината.

Атрактивната Аптон претходно беше модел за магазинот во 2011 година, потоа беше модел за нејзината прва самостојна насловна страница во 2012 година, а на насловната страница се појави во 2013, 2014 и 2017 година.

- Тоа е голема чест. Тоа навистина зборува за тоа каде оди модата и пораката што сака да ја пренесе главниот уредник на костимите за капење на Sports Illustrated – жените ги поддржуваат жените, покажуваат различни типови на тело и ги повикуваат жените да зборуваат за различни работи во кои веруваат“, изјави Аптон Луѓе“.

притисни ентер