Императив победа против Луксембург

Победата на гостувањето во Луксембург е најважна во овој момент за фудбалската репрезентација на Македонија, дури поважна од исходот во дуелот со Шпанија во Скопје.

Потенцирајќи го на тој начин приоритетот на нашиот национален тим во претстојните два квалификациски дуели, селекторот Љубинко Друловиќ ја потврди замислата за градење стабилен тим за наредниот квалификациски циклус за светскиот шампионат.


Пандов: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат

„Имаме цврста намера и желба да направиме коалиција со ВРЕДИ“

Мицкоски го доживувам како политичар од 21-от век и не сме оптеретени со национализам, што јас го нарекувам шовинизам. Пораките се дека Македонија треба да се врати во рацете на народот, Историски гледано ВМРО-ДПМНЕ и со ДПА и со ДУИ имало коректна коалиција, но ДУИ се повампири во времето на Заев и работите ги доживуваат низ признма на бизнис и пари и така ја гледаат државата. Не прифаќам дека нема нова понуда, Мицкоски има земено кај себе многу млади кадри и тие луѓе не се бирани за да дојдеме на власт и да ги фатиме фотењите. Идејата е Македонија повторно да биде горда, имаме во секое село Албански комитети, има бошњаци, роми, власи. Мораме да го причекаме 8 Мај да видиме што ќе каже семафорот, очекувам да добиеме 58-60 пратеника. Имаме цврста намера и желба да направиме коалиција со ВРЕДИ, веруваме на нивната желба тие да го променат ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат тоа значи дека историската комисија може да разговара, но тоа да не биде услов за отворање поглавја со ЕУ, рече Александар Пандов во Само Вистина.

Лидер на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали

Водачот на една од групите поврзани со Исламската држава, Абу Худајфа, е убиен во операција во пограничниот регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер.

Неутрализацијата на терористичкиот лидер беше извршена за време на голема операција во Липтак, триграничен регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер, соопштија властите на Мали.

Во соопштението се потсетува дека еден лидер на ИСИС учествувал во напад на Нигер во 2017 година, во кој беа убиени четири американски Зелени беретки и четворица нигериски војници, вклучително и еден преведувач. /МИА

Десетици илјади луѓе протестираа низ Франција барајќи повисоки плати и мир

Десетици илјади луѓе ширум Франција се приклучија на синдикалните собири за повисоки плати и мир по повод Меѓународниот ден на трудот.

Од Марсеј до Лион, Рен или Тулуз на големите поворки во големите градови се вееја знамиња на различни синдикати и палестински знамиња.

Во Париз, според синдикатите, се собрале 50.000 луѓе, а според полицијата 18.000, атмосферата на почетокот била карневалска, но на крајот полицијата интервенирала со солзавец.

Според полицијата, група од 4.500 луѓе, со „неколку стотици радикали“ запалиле камион, а уништени се и излози.

Досега се уапсени 25 лица.

Низ цела Франција, 12.000 полицајци се распоредени за да го зачуваат мирот, од кои 5.000 во Париз.

Моќниот синдикат ЦГТ упати апел против „мерките за штедење“, за отворање работни места, повисоки плати и мир.

Водечкиот синдикат ЦФДТ ги повика луѓето да се приклучат на маршевите во повиците за поамбициозна Европа која повеќе ги штити работниците. /МИА

притисни ентер