Со исклучителна грациозност и неповторлив став таа носеше креација на 36 годишниот креатор Зак Посен, а тој не можеше да сокрие колку се гордее со тоа!
- Ти благодарам Иман што ме зеде за твој придружник на вечерашниот настан. Ти си извонредна, и однадвор и однатре - напиша тој на социјалните мрежи.
Сомалиската супер - манекенка помина една година без сопругот Дејвид Боуви кој почина од рак. Но таа не го симнува ланчето со неговото име.
- Ќе го носам до мојата смрт. Се дражм, се држам, беше тешка година но се држам - изјави убавицата во септември.
Иман и Дејвид Боуви беа во брак 24 години. Ја добија ќерката Лекси која има 16 години. Иман има и 38 годишна ќерка Зулека со претходниот сопруг, Спенсер Хејвуд.
На денот кога американскиот претседател Трамп ја обелодени забраната за влез на муслимани во САД, Иман го објави овој коментар: Јас сум лицето на имигрантот! Работам вредно, создавам работни места и плаќам данок# имигрант!
Иман 22 години раководи со козметичка компанија и има своја линија на облека.