Има заинтересирани странски инвеститори за изградба на когенеративни централи

Веќе постојат заинтересирани инвеститори за когенеративна централа во земјава вели премиерот Христијан Мицкоски. Најави преговори со потенцијален инвестирор кој е спремен  да вложи 1 милијарда евра во ваква централа.

Според Мицкоски нема да се прават штетни договори како во минатото, вели целта е државата да биде дел од пакетот, односно косопстеник во самата инвестиција. Доколку разговорите течат во најдобар ред, од Владата очекуваат најдоцна за 3 години Македонија да добие когенеративна посторојка, што не само што ќе влијае на цената, туку ќе придонесе и за почист воздух.

„Потенцијален инвеститор кој сака да инвестира 1 милијарда евра во вакви централи, и тоа нема да биде по принципот како до сега како што беше оној специјален закон стратешки во парламентот, на одење минатата влада што го достави, по привилегирани цени и тн..се ќе биде по пазарни услови. Преговорите се со инвеститори во кој моја цел е и државата да биде дел од пакетот, да биде кососпственик со самата таа инвестиција, нормално не со пари, со земја, со приклучочи и слично...“ -изјави Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Професорот Константин Димитров за Канал 5 вели земјава има капацитет за три или повеќе когенеративни централи, со кои граѓаните ќе добијат за 35 % поевтина струја и за околу 40 % поевтино парно греење.

„Во РЕК Битола за да произведете еден киловат електрична енергија ќе потрошите 3 киловати енергија во гориво – овде за да проиведете електрична енергија трошите 2 киловати примарна енергија и плус имате уште отпадот да го продадете...значи цената е за 35% поевтина електрична енергија, а топлинската енергија е само 40 % отколку да ја произведете во котилите како што е сега...“ - изјава Константин Димитров – МАЦЕФ.

Според познавачите значително ќе се намали и загадувањето, БИДЕЈЌИ ГОлем број на домаќинства и институции ќе може да се поврзат на систамот за парно греење. Од друга страна конегенеративните централи се прават со висок оџак, преку кој емисијата на штетни материи е многу намалена или е во дозволени или пониско од дозволените граници, потенцира димитров.

„Тоа се во една иста постројка ставени едно што произведува електрична енергија и одма дел што произведува топлинска енергија.... Суштината е во тоа што во исто време една иста постројка проиведувате електрична енергија а бидејќи тоа создава количина на топлина што во принцип се исфрла во атмосферата е оваа наместо да се исфрли ние си ја користиме за загревање....“ изјави Константин Димитров – МАЦЕФ.

На мерните станици низ Скопје, но и другите граодви низ државава, изминативе денови нивото на ПМ 10 честички во воздухот беше далеку над дозволеното Екоактивистите со години бараат државата да превземе контретни чекори, кои засега се само во најава.

Во огромна дупка се заробени 4.000 прегладнети рудари, министерката им се закани (ВИДЕО)

Во Јужна Африка се случува вистинска драма бидејќи според неофицијални проценки, речиси 4.000 нелегални рудари се заробени во еден рудник, а можностите за снабдување со храна и вода се прекинати.

Владата го прекина синџирот на снабдување за да ги „намами“ илегалците од рудникот и да ги уапси.

Владата официјално соопшти дека нема да има помош за овие рудари, кои се наоѓаат во затворен рудник во северозападната провинција, бидејќи тоа не е во согласност со официјалната политика против илегално ископување.

Се верува дека рударите во рудникот Стилфонтејн страдаат од недостиг на храна, вода и други основни потреби, откако полицијата ги затвори влезовите што се користат за транспорт на материјали во рудникот.

Министерката во Претседателството Кумбуџо Нтшавени им рече на новинарите дека владата нема да испрати помош за илегалните рудари - локално познати како „зама замас“ - бидејќи тие се вклучени во криминални активности.

„Нема да им испратиме помош на криминалците. Со чад ќе ги избркаат. Ќе излезат. Нема помош за криминалците, тие ќе бидат гонети. Не сме ние тие што ги испративме“, рече Нтшавхени.

Таа рече дека рударите ќе бидат кривично гонети.

„Не отидоа таму за добро за државата, па нема ни да им помогнеме“, рече министерката.

Нтшавхени им се закани и на оние кои сакаат да им помогнат на рударите.

„Тие што сакаат да им помогнат, мора да слезат да им однесат храна, но штом ќе излезат ќе ги уапсиме“, рече министерката.

Рударите се во окното во Стилфонтејн, рударски град кој се наоѓа на околу 155 километри југозападно од Јоханесбург. Во текот на изминатите неколку недели, повеќе од 1.000 рудари се појавија и веднаш беа уапсени од полицијата како дел од нивната операција „Вала Умгоди“ - или „Затвори ја дупката“.

Јужна Африка некогаш беше најголемиот светски производител на злато, но бележи пад во последните неколку децении. Голем број локации сега се напуштени и се распаѓаат. Илјадници нелегални рудари влегуваат во овие затворени рудници за да најдат повеќе злато и други минерали, ризикувајќи ги своите животи поради состојбата на овие рудници.

Минатата година, во јуни, најмалку 31 лице загина во затворен рудник во провинцијата Фри Стејт по експлозија на метан.

Многу нелегални рудари доаѓаат од соседните земји - Мозамбик, Зимбабве и Лесото.

Не само што го кршат законот со илегално ископување во рудници, туку често вршат и други кривични дела - вклучувајќи убиства, грабежи и силувања.

Има и војни на терен во кои се вклучени тешко вооружени „зама замас“ кои се борат против ривалските групи и често се борат против локалните власти.

Кинеска компанија за електрични автомобили го одложува почетокот на производството во Шпанија

Кинескиот производител на електрични автомобили Chery ќе го одложи почетокот на производството на возила во Шпанија за речиси една година, изјави извршниот директор на шпанскиот партнер на Chery, Ебро.

Во септември, Ебро објави дека, од комерцијални причини, Chery ќе го одложи почетокот на производството во првата европска фабрика во Барселона од крајот на оваа година за следната година, без да наведе прецизен датум.

Меѓу причините, шпанскиот партнер на кинеската компанија ги наведе тарифите на Европската унија за електричните возила од кинеско производство, но извршниот директор Педро Калеф рече дека тие не треба да влијаат на заедничкото вложување бидејќи производството ќе биде лоцирано во Европа.

Во октомври, Шпанија се воздржа од гласањето во ЕУ за дополнителни компензаторни давачки за електричните возила произведени во Кина.

Шефот на Ебро рече дека почетокот на производството е поместен за четвртиот квартал од следната година.

„Проектот не е откажан, само некои елементи се приспособени“, рече Калеф. „Имаме причина да веруваме дека нашиот однос (со Чери) ќе биде цврст со години“, додаде тој.

Chery треба да започне со производство на теренецот Omode 5 во Барселона.

Во април, заедничкото вложување помеѓу Chery и Ebro објави дека планира да произведува до 150.000 возила годишно до 2029 година и дека фабриката во Барселона ќе биде меѓу главните извозни капацитети на Chery.

До 2021 година фабриката ја користеше јапонскиот производител на автомобили Нисан, а пред тоа Ебро.

Новата компанија ќе вработи до 1.250 поранешни работници на Nissan, изјави извршниот директор на Ebrо Рафаел Руиз за Ројтерс.

Ебро ја прекина продажбата во 1987 година, а во меѓувреме го смени брендот и на крајот на годината ќе го произведе првиот спортски теренец, во бензински и plug-in хибридни верзии.

До крајот на годината шпанската компанија има намера да започне со производство на вториот модел на спортско корисно возило, а одложувањето на производството на компанијата што ја основаа со Chery ќе им овозможи и да го поместат почетокот на производството на третиот модел од крајот до средината на следната година.

Во 2025 година, според извршниот директор, тие планираат да произведат меѓу 20.000 и 30.000 возила, кои првично треба да се продаваат првенствено во Шпанија и Андора. Цената ќе биде конкурентна, истакна Кејлеб, без да елаборира.

Ебро сега очекува приход од околу 330 милиони евра следната година и 1,1 милијарда евра во 2027 година.

Познато е која позиција ќе му ја даде Трамп на Кенеди, како благодарност за поддршката

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе го номинира Роберт Ф. Кенеди Џуниор за секретар во Министерството за здравство и социјални служби, потврдил за Њујорк Пост извор запознаен со одлуката.

Кенеди, кој има 70 години, и е жесток поддржувач на Трамп откако тој ја прекина неговата независна претседателска кампања во август.

Доналд Трамп го пофали за неговото искуство во здравството и рече дека ќе го пушти „да оди до крај“ доколку победи на изборите на 5 ноември.

Одлуката, која прв ја објави Политико, е последното назначување на владата од Трамп.

„Њујорк пост“ претходно објави дека Кенеди - кој е почесен претседател на преодниот тим - сакал позиција во Министерството за здравство, но се соочувал со сојузници кои го туркале кон советодавна улога.

Неврохирургот д-р Бен Карсон исто така бил заинтересиран за позицијата, изјавиле извори за New York Post.

притисни ентер