Има ли програма за ресоцијализација за повратниците од странските боишта?

Затворските казни за осудените учесници во странски паравоени формации не гарантираат дека тие откако ќе излезат на слобода нема повторно да се вратат на боиштата, коментираат дел од безбедносните експерти.

Во нивната ресоцијализација треба да се вклучат повеќе домашни институции, смета безбедносниот аналитичар Благоја Марковски. Вели дека најопасни или т.н темприрани бомби остануваат оние кои на Блискиот исток војувале од идеолошки причини.

Вчера кривичниот суд изрече 9 години затвор за Сафет Рамадани како припадник на терористичката организација Исламска држава, но и како организатор на останатите шестмина македонски државјани да заминат во Сирија - Елмедин Османи, Ахмед Џенгис, Орхан Жупани, Буњамин Фето, Ибрахим Шабани и Алмир Миртовски.

Поради учество како борци на ИСИС во војните во Сирија и Ирак се осудени на по шест години затвор.Канал 5 лани дојде до ексклузивни сведоштва на дел на сега осудените, но не сакаше да го открие нивниот идентитет поради безбедносни причини. Раскажаа дека биле инспирирани од Светата војна но и за она што го виделе и доживеале на сирискиот фронт.

Со сега седуммината осудени, досега 30 лица се казнети за учество странски паравојски откако со измените на КЗ се воведе ова кривично дело. Но има и осуденици кои веќе ја издржаа затворската казна и сега се на слобода.

Во јавноста остана запаметен скопјанецот Стефан Стефановски кој со примањето на исламот стана Суфијан. Откако призна вина во 2016та доби две годишна казна затвор, која ја издржа и сега е на слобода.

Сепак во затворите во земјава се уште нема посебни програми за ресоцијализација на повратници. Од Упрвата за извршување на санкции велат дека проектите се во завршна фаза па се очекува наскоро да се спроведат.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер