Има ли "брана" за злоупотреби со операции што се прават приватно во државни клиники?

На државно, по неколку месеци, а некои и половина година чекаат слободен кревет за операција која не е итна, ама попладне или во неработен ден може да се најде термин за интервенција, ако си платите приватно во истата јавна здравствена установа.

Ова е честа пракса во повеќе клиники во Скопје, велат граѓани што се обратија до редакцијата, кои се здравствено осигурани, но се плашат јавно да говорат. Иако законите овозможуваат на поискусни лекари со успешна работа ова да го прават како дополнителна дејност, останува отворено прашањето дали се контролира колку операции вака се извршуваат и има ли злоупотреби, со оглед на тоа што термини за на државно ослободуваат токму специјалистите?

Инаку, на последната прес-конференција министерот Фатмир Меџити на прашање на Канал 5 дали знае за евентуални злоупотреби одговори дека никој не пријавува.

-Ајде пријавете која е таа клиника и јас одма ќе пратам инспекција? Јас да пријавувам? Сакате да кажете дека досега никој не пријавил? Апсолутно не, во мојот говор кажав има милион дефекти, дури и кај мене има.... Дека има, има, имало и во минатото, ама целта е да ги минимизираме проблемите.--Фатмир Меџити – Министер за здравство.

Дека слабо има термини потврдува и пребарување на алатката „Мој термин“ што секој може да ја отвори за да се обиде да најде специјалист.

Професорот Д-р Драган Даниловски, кој е и поранешен министер за здравство за Канал 5 вели дека во законот има ограничувања за докторите, кој лекар може и колку операции смее да врши дополнително, но тоа мора да се контролира.

-Се чини дека контрола нема. Јавна тајна е дека не е проблем само наведувањето на пациенти да се оперираат приватно во државна болница, туку и тоа што јавна тајна е дека некои бараат пари од пациенти кои се закажани за интервенција во регуларни термини. За жал, ова не изненадува бидејќи целото општество претставува затворен систем на врзани садови, па промените во еден сегмент не може да не се одрази во сите други сегменти, па и во здравството. Се наоѓаме во криза на системот на вредности, мислам дека тоа има рефлексија во здравствениот систем.- Проф. Д-р Драган Даниловски – Поранешен министер за здравство.

На прашања на Канал 5 од Министерството за здравство дали се вршат контроли, тврдат дека има. Инспекција сега се прави согласно Законот за здравствена заштита, со цел навреме да бидат обезбедени потребните термини по апарат и специјалност, за да се оптимизира текот на работата, како за дијагностика, така и за операции.

Мурињо посочи тројца фаворити на ЕП 2024

Жозе Мурињо именуваше три селекции за кои верува дека можат да го освојат претстојното Европско првенство во Германија. 61-годишниот тренер е без работа од јануари кога доби отказ од Рома.

-Според мене, трофејот ќе го освои некој помеѓу Португалија, Франција или Англија. Ова се трите најсилни селекции. Можни се изненадувања, да. Гледајќи ги квалитетите на играчите, мислам дека Португалија може да оди во финалето со идеја да замине со златото, изјави португалскиот стручњак.

Тој неодамна откри дека двапати ја одбил понудата да ја преземе репрезентацијата на својата земја.

-Вратата на Португалија ми беше отворена двапати. Првиот пат беше кога бев во Реал Мадрид. Тогаш претседателот Флорентино Перез ми рече дека е невозможно да заминам, па јас го прифатив тоа. Вториот пат беше неодамна кога сè уште бев во Рома. Дали се каам за вториот случај? Не, не ми е жал. Не ми е жал поради причината што не прифаќам. Сега ќе играме на ЕП со селектор (Роберто Мартинез) кој заврши одлична работа и има одлична генерација играчи, додаде Мурињо. /МИА

Де Лаурентис: Не разбирав фудбал, но земав некои од најважните играчи во историјата на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис уште еднаш се истакна себеси како фудбалски шеф, додека пак го нападна поранешниот спортски директор на клубот, Кристијано Џунтоли, кој сега работи во Јувентус.

-Отсекогаш се однесував како претприемач. Вложувам пари, љубов и интелигенција. Мојата работа ја доживувам како обврска. Не знаев ништо за фудбалот, но потпишав со некои од најважните играчи во историјата на Наполи. Ниту Лучијано Спалети не беше донесен од спортскиот директор (Џунтоли). Отсекогаш ми се допаѓал овој тренер поради неговиот карактер, прокоментира Де Лаурентис на прес-конференција поврзана со неговиот филмски проект. /МИА

JPMorgan се соочува со блокирање на својот имот во Русија

Од американската банка JPMorgan изјавија дека нејзините активи во Русија може да бидат конфискувани по барањата за блокирање на средства поднесени во руски и американски судови.

Банката се судира со правни притисоци поради тоа што сè уште води бизнис во Русија откако САД и европските земји воведоа економски санкции против Русија а поради нејзината инвазија во Украина.

Висината на средствата што можат да бидат блокирани ја надминува вредноста на имотот на JPMorgan во Русија.

Руски суд минатиот месец донесе одлука за блокирање на средствата на руски сметки на подружницата на JPMorgan во Русија откако руската државна банка ВТБ поднесе барање за враќање на своите средства блокирани во странство што таа ги оценува во вредност од 439,5 милиони долари.

Од JPMorgan изјавија дека според американските закони таа не смее да предава средства на компании кои се под санкции. ВТБ е внесена во списокот санкции на САД во февруари 2022 година. /МИА

притисни ентер