Илон Маск го тужи креаторот на „ChatGPT“

Илон Маск го тужи „OpenAI“, водечката светска компанија за вештачка интелигенција која го создаде популарниот „ChatGPT“, како и нејзиниот извршен директор Сем Алтман.

Маск во тужбата тврди дека компанијата отстапила од својата оригинална, непрофитна мисија со здружување со Мајкрософт за 13 милијарди долари и ја чувала шифрата за најновите производи за генеративна вештачка интелигенција во тајност.

Маск, кој беше ко-основач на OpenAI во 2015 година, оттогаш замина за да основа своја компанија за вештачка интелигенција, „xAI“. Неговата тужба, поднесена вчера пред судот во Калифорнија, тврди дека компанијата и нејзиното партнерство со Мајкрософт ја прекршиле основачката повелба на „OpenAI“, што претставува прекршување на договорот. Маск бара судење од поротата и компанијата, Алтман и ко-основачот Грег Брокман да го вратат профитот што го направиле од бизнисот.

За што првично беше основан „OpenAI“?

„OpenAI“ првично беше основан за да го провери она што основачите веруваа дека е сериозна закана за човештвото, вештачката општа интелигенција (AGI). Компанијата формираше одбор на супервизори чија задача беше да ги прегледува сите производи што ги направи компанијата, а кодот на производот беше јавно достапен.

Но, Алтман, Брокман и главниот научник Илја Сутскевер го основаа „OpenAI LP“ во 2019 година, профитен ентитет што постои во поголемата структура на компанијата. Профитната компанија ја зголеми проценката на OpenAI од нула на 90 милијарди долари за само неколку години - а Алтман нашироко се смета за мозокот зад тој план и клучот за успехот на компанијата.

„OpenAI“ не одговори веднаш на барањето на CNN за коментар.

Во тужбата се споменува и привременото разрешување на Алтман

Во тужбата се наведува и лидерска криза минатата година, што доведе до привремено исфрлање на Алтман од компанијата, очигледно поради загриженоста на неколку членови на одборот за ризиците од вештачката интелигенција. По денови на несигурност и интервенција на Мајкрософт, Алтман беше вратен на работа во она што аналитичарите го опишаа како победа за оние кои сакаат да ја комерцијализираат вештачката интелигенција.

„Се уште не е познато зошто Алтман е отпуштен“

Тужбата на Маск го истакнува ова тврдење.

„Јавноста сè уште е во темнина за тоа што точно беше откриено во „процесот на обмислен преглед“ на одборот што резултираше со првично отпуштање на г-дин Алтман“, се наведува во тужбата. „Сепак, едно нешто е јасно за г-дин Маск и на пошироката јавност: „OpenAI“ ја напушти својата „неотповиклива“ непрофитна мисија во потрага по профит“, се вели во извештајот.

Иако Мајкрософт, кој инвестираше милијарди долари во „OpenAI“ и е близок партнер на стартапот, не е именуван како обвинет во тужбата на Маск, технолошкиот гигант се споменува 68 пати во тужбата.

Голем дел од тужбата се однесува на очигледното влијание на Мајкрософт врз „OpenAI“ и економската позиција на Мајкрософт. Маск претходно се закани дека ќе го тужи Мајкрософт, обвинувајќи го за кражба на содржина од „Х“, социјалната мрежа на Маск, за да ги обучи алатките за вештачка интелигенција на Мајкрософт.

„OpenAI е претворена во затворена подружница на Мајкрософт“

„OpenAI Inc. е трансформирана во затворена де факто подружница на најголемата технолошка компанија во светот: Мајкрософт“, се вели во тужбата. „Со новиот одбор на директори, тој не само што се развива, туку всушност ја рафинира „AGI“ за да го зголеми профитот за Мајкрософт.

Маск, извршен директор на „Tesla“ и „SpaceX“, го напушти „OpenAI“ во 2018 година. Тој продолжи да зборува против опасностите од вештачката интелигенција. Во тужбата тој ги опиша актуелните лидери на „OpenAI“ како алчни. „Додека некои како г-дин Маск го гледаат „AGI“ како егзистенцијална закана, други го гледаат „AGI“ како извор на профит и моќ“, се наведува во тужбата.

Извор: Индекс.хр

Видео: Кристијано и Георгина уживаат на плажа

Еден од најдобрите фудбалери во последните две децении Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез ги воодушевија своите следбеници на социјалните мрежи со видео.

Кристијано и атрактивната Георгина уживаат во одморот, а поубавата половина на Роналдо ја искористи приликата да објави жешка снимка од плажа во која ги покажува своите бујни облини.

- Во рајот со тебе - напишала Георгина во описот на видеото.

Со Георгина и наследниците, Кристијано Роналдо се бања и одмара, а кога ќе дојде времето за вечера со неговата поубава половина, наздравува и пишува на социјалните мрежи:

- Среќа!

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме.

На вечерашниот митинг кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека СДСМ е силна партија и ако некој мисли дека тукутака ќе се откажат, тогаш или не ги познава или ги потценува.

„Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме. И нема да се откажеме. СДСМ е наследник на сојузот на комунистите на Македонија. КПМ е формирана тука во соседство кај вас во Тетово, во 1943 година. Тогаш нашите претходници беа на вистинска страна на историјата и се бореа за слободна, независна држава.

Тогашниот претседател на ВМРО – Ванчо Михајлов беше на страната на фашистите и тој ја бојкотираше таа борба. Во 1993 година кога требаше да влеземе во ОН, благодарение на Киро Глигоров Македонија влезе во ОН, ВМРО – ДПМНЕ и тогаш го бојкотираше влезот во ОН. Подоцна кога требаше да станеме членка на НАТО, ВМРО – ДПМНЕ го бојхкотираше референдумот“, додава Ковачевски.

Со вас, вели тој, успеавме да го срушиме режимот на ВМРО-ДПМНЕ и да ја ослободиме државата од канџите на ВМРО-ДПМНЕ и 11-те години изолација. Оваа влада со поддршката на граѓаните ја внесе Македонија во НАТО, донесе тешки но правилни одлуки и после 30 години, успеа да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

„СДСМ е единствената политичка сила знае како да го направи тоа.Затоа бидете сигурни дека заедно со граѓаните со гордо крената глава на 8 мај повторно ќе излеземе на избори и повторно ќе кажеме ДА, ние сме тие кои сме за прогресивна, напредна, европска Македонија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во средата, во првиот круг на претседателските избори, граѓаните им испратиле силна порака и дека таа порака ја слушнале, ја прифатиле одговорноста и се свесни дека СДСМ мора да се промени за да ја врати довербата на граѓаните.

„Знаеме дека има и незадоволство кај граѓаните. Тоа не го криеме и го кажував во изминатите неколку месеци. Нас нѝ е совршено јасно дека партијата треба да се менува за да ја вратиме довербата на граѓаните. Како човек кој во животот и во кариерата се соочил со многу победи и со порази, добро знам дека првиот чекор кон промена е прифаќањето на сопствените грешки“, порача Ковачевски.

Изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки за сите, појаснува Ковачевски и вели дека тие ја имале поддршката и кога било најтешко, потсетувајќи дека резултатот сѐ уште не е одлучен.

„Порешителни и пообединети од било кога, ќе продолжиме да се бориме и да ја оствариме нашата заложба – да ја видиме Македонија во ЕУ. Затоа, пред да го дадете својот глас на 8-ми мај, размислете добро кој го заслужува тоа, бидејќи тоа е најмоќниот демократски инструмент кој го имате на располагање. Ние ќе бидеме тука да ги претставуваме сите оние кои нема да се откажат од градење на просперитетно, демократско и европско општество во Македонија“, рече Ковачевски.

Ковачевски додава дека ниту тој, ниту СДСМ нема да се откажат од членството на Македонија во Европската Унија, затоа што со тоа се обезбедува подобар животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство и држава достојна за сите граѓани.

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Вечерва немам намера да ви држам говори полни со демагогии и лажни ветувања, а уште помалку со лажен патриотизам и национализам, рече носителската на изборната листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица шест, Славјанка Петровска.

„Во времињата кога лажниот патриотизам владееше, од Македонија над 70.000 граѓани земаа бугарски пасоши. Во тие времиња студентите беа тепани, а новинарите апсени. Вечерва ќе зборувам за иднината, а тој пат е тежок и макотрпен, но друг пат нема. Секој што ќе ви вети брз и пократок пат, знајте дека ве носи во бездна, ве враќа во минатото, а не кон иднината“ порача Петровска.

Таа се обрати до опозицијата да каже која и каква е алтернативата.

„Ќе излезете од НАТО? Ќе прекинете преговори со ЕУ? Ќе затворите граници со соседите? Ќе седите дома, додека децата ни бегаат преку граница, а вие ќе ја фатите старата песна, да изградите уште една бела палата, додека на народот му се заканувате со меѓуетничка војна? Ова е таа друга опција, почитувани. Нашата опција, пак, е јасно зацртана. Ние не бегаме од тешките прашања и не ги негираме грешките. И ние сме луѓе од крв и месо, и нас не болат неправдите кои доаѓаат однадвор, сите тешки одлуки - и за името и за односите со соседите. Сето тоа и нам ни тежи на душа... Но ние немаме право да Ве лажеме дека има успех без цена, за нашата Македонија да дојде таму кај што природно припаѓа, во цивилизирано, европско семејство“ порача Петровска.

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Фото: Парис Хилтон „како од мајка родена“

Богатата наследничка на ланецот хотели „Хилтон“ – Парис Хилтон неодамна се појави на насловната страница на магазинот „Flaunt“ во разголено издание.

Иако позираше во „костум – како од мајка родена“, оваа 43-годишна убавица носеше додатоци од големите модни куќи – „Версаче“ и „Сен Лоран“.

Провокативната Парис никогаш не била срамежлива да ги покаже деловите од своето тело, но сега според многумина сепак отишла малку предалеку.

притисни ентер