Илјадници тркачи пријавени за „Виз Ер Скопски маратон“

Остануваат уште 11 дена за пријавување и 19 дена до почетокот на „Виз Ер Скопскиот маратон“. На трките кои ќе се одржат на 7 мај веќе се имаат пријавено илјадници тркачи од голем број на земји.

- „Виз Ер Скопскиот маратон“ пропратно со сите други трки кои се организираат пред неговата реализација, како „Авицена Женската трка“, претставуваат „будилник“ на спортскиот дух во Македонија. Пред сите настани илјадници граѓани со неизмерна мотивација се подготвуваат за претстојните трки со што значително се зацврстува здравиот начин на живот и значењето на истиот. Секој од нив редовно се надминува себеси и покрај спортските навики се креира чувство на исполнетост и со ваквите настани секој ден е поубав и секој е посреќен, велат организаторите на престижниот спортски настан.

На овогодишниот Виз Ер Скопски маратон традиционално ќе се одржат маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката од 5 километри. Над 6.000 учесници од 44 држави во светот веќе се имаат пријавено со што настанот полека станува високо препознатлив спортско – туристички бренд во Македонија и пошироко.

Традицијата продолжува и со доделувањето на вредносни ваучери од 20 евра за купување на авионски билети преку официјалната страна на насловниот спонзор, Виз Ер. Истите се испраќаат на мејл адресата која ќе ја остави учесникот при самата регистрација.

Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопски Маратон трае до 30 април и може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон http://skopskimaraton.com.mk/ и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер