Илјадници Шпанци на протести против помилување на каталонските сепаратисти

Десетици илјади луѓе протестираа во Мадрид против контроверзниот план за помилување на затворените каталонски сепаратисти, пренесуваат агенциите.

Лидерите на десничарските партии во Шпанија се приклучија на протестите против помилувањето на 12 сепаратисти , кои стојат зад неуспешниот обид за стекнување независност во 2017 година.

Демонстрантите ја обвинуваат шпанската влада предводена од социјалистите за користење на планот за зајакнување на нејзината политичка поддршка.

Но, владата вели дека помилувањата ќе помогнат да се смират тензиите околу Каталонија.

Барањето на полуавтономниот регион да добие независност ја воведе Шпанија во 2017 година во најголемата политичка криза во последните 40 години.

Девет каталонски сепаратистички лидери се прогласени за виновни за немирите во 2019 година, поврзани со нивната улога на нелегалниот референдум за независност. Други тројца се прогласени за виновни за непослушност, но не биле затворени.

Демонстрантите во Мадрид сметаат дека планираните помилувања се закана за националното единство. Многумина вееја црвено-жолти национални знамиња собрани на плоштадот Колон, во центарот на Мадрид.

„Треба да запреме сега затоа што мора да се покаете, а сепаратистите нема да го покажат тоа“, изјави демонстрантот Карлос Бандеча за Ројтерс.

Но, шпанскиот премиер Педро Санчез го брани потегот како начин да ги приближи Каталонците и Шпанците.

„Шпанското општество треба да премине од лошото минато во подобра иднина - и тоа бара дарежливост“, рече Санчез на почетокот на оваа недела.

Околу 61 процент од Шпанците не се согласуваат со помилувањата, а 29,5 проценти ги поддржуваат, според неодамнешното истражување на шпанскиот весник „Ел Мундо“.

Хасани:Руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста во Европа

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани смета дека руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста на европскиот континент и пошироко.

Хасани на меѓународната конференција „Ленарт Мери“ (Lennart Meri) во главниот град на Естонија, Талин изјавил дека „Албанија продолжува со својата јасна и цврста позиција во одбрана на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, во согласност со ставот на ЕУ, НАТО и САД".

-Албанија активно ги поддржува напорите и преземените иницијативи за да се обезбеди целосна одговорност за најтешките злосторства според меѓународното право извршени во Украина. Застанувајќи покрај Украина, Албанија ја поддржува политички, економски и воено, до постигнување праведен и стабилен мир, нагласил тој, јави АТА.

Прашан за улогата на Русија во светската безбедност, министерот Хасани, рекол дека „единствениот победник во овие турбулентни времиња е НАТО, сојузот на вредности и нации кои го сакаат мирот и ги почитуваат правата на народите".

Министерот Хасани остварил средби со премиерката Каја Калас, неговиот естонски колега Маргус Цахкна и шефот на Комисијата за надворешна политика во естонскиот парламент, Марко Михкелсон на кои изразил благодарност за континуираната поддршка на Естонија за процесот на интеграција на Албанија и Балканот во ЕУ./МИА

Фоден: Горд сум на наградата фудбалер на сезоната во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Фил Фоден ги искажа впечатоците по добивањето на наградата за најдобар играч во сезоната 2023/24 во англискиот шампионат.

- Добивањето на оваа награда е достигнување на кое сум исклучително горд. Англиската Премиер лига е препознаена како најдобра лига во светот и среќен сум што сум номиниран заедно со многу други одлични играчи кои имаа посебни сезони во своите клубови. Би сакал да му се заблагодарам на целиот персонал на Сити, тренерите и особено на моите соиграчи, бидејќи без нив тоа немаше да биде возможно, изјави Фоден на официјалната веб-страница на „Граѓаните“.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Трансфермаркт го проценува Фоден на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година. /МИА

Чави за Барселона: Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот

 Тренерот на Барселона, Чави проговори за расположението во кое работи во Барселона.

Претходно беше објавено дека претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта решил да ја прекине соработката со тренерот на крајот од сезоната.

- Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот. Критиката ме тера да се подобрам. Ништо не се менува кај мене. Нестрплив сум да покажам дека можеме да продолжиме да бидеме конкурентни. Оваа сезона не беше успешна за нас, но убеден сум дека во иднина се може да излезе добро, изјави Чави.

Барселона утревечер од 19 часот го пречекува Рајо Ваљекано.

На две кола до крајот на сезоната во шпанската Ла Лига, Барселона се наоѓа на второто место со 79 бода, далеку зад лидерот Реал Мадрид кој има 93./МИА

притисни ентер