Илјадници на Нов Зеланд се обидоа да го соборат Гинисовиот рекорд во играње „хака“ (ВИДЕО)

Илјадници луѓе денеска се собраа на спортскиот стадион во најголемиот град во Нов Зеланд за да го соборат рекордот за најголем број луѓе кои изведуваат хака, традиционален танц на маорските воини, во исто време, и се чини дека успеале.

Масовниот собир во Иден парк во Окленд е обид да се собори рекордот од Франција од 2014 година, кога танцуваа 4.028 луѓе, се наведува на официјалната веб-страница на Гинисовата книга на рекорди.

„До сите вас овде вечерва, иако официјалната бројка сè уште се утврдува бидејќи е голема, можам со сигурност да кажам дека го соборивте рекордот и официјално сте неверојатни“, рече проценителот на книгата, Брајан Собел. Организаторите се надеваа дека ќе дојдат најмалку 10 илјади луѓе, објави претходно New Zealand Herald.

@mudz_riki Thousands gather at Eden Park for the official Guinness world record for the biggest haka #maori #haka #record ♬ original sound - Mare Riki

Хака, традиционален воинствен танц на домородните Маори на Нов Зеланд, се изведува на погреби, свадби и други големи настани. Исто така, се поврзува со новозеландскиот рагби од 1888 година, според Гардијан.

@lemondefr

En Nouvelle-Zélande, 6 531 participants se sont réunis à l’Eden Park d’Auckland pour battre le record du plus grand haka, jusqu'ici détenu par la France. Une performance entrée dans le livre Guinness des records

♬ son original - Le Monde

„Мојот народ одлучува“: Финансиска поддршка за пензионерите во Кисела Вода

„Мојот народ одлучува“: Финансиска поддршка за пензионерите договорена на буџетски форум во Кисела Вода.

Пензионерите со пониски примања ќе добијат финансиска поддршка од општината. Ова беше побарано од нив, а усвоено од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, на денес одржаниот втор Буџетски форум во насока на креирање на буџетот за 2025 година.

На форумот, покрај пензионерите, присуствуваа претставници на граѓанските здруженија, млади и спортисти и тимот од раководители од општинската администрација. Беше договорено следната година да се реализира и проект за субвенционирање на возачките дозволи за матурантите, како и платена пракса за студентите, жители на оваа општина.

Во големата сала на Општина Кисела Вода, под слоганот „Мојот народ одлучува, буџет 2025“, се дадоа идеи од повеќе области, кои заеднички беа разгледувани од финансиски и технички аспект. Голем дел од нив беа прифатени, а сите присутни имаа можност да пополнат анкетни ливчиња за дополнителни предлози.

Претходниот ден беше одржан првиот форум, со претседатели на месните заедници, секретари и членови на одборите, со што беа опфатени различни целни групи за вклучување во процесот на буџетско планирање.

-Овие форуми се нашата можност, заедно и транспарентно, да ги поставиме приоритетите за развој на нашата општина. Слоганот на овие сесии е „Мојот народ одлучува, буџет 2025“. И тој не е само фраза, туку принцип на работа кој го следиме изминатите години. Секогаш сум нагласувал дека транспарентноста и директната комуникација со жителите се клучот за успехот. Затоа сум многу задоволен што досега реализиравме 95% од мојата четиригодишната програма, но исто така успешно завршивме и многу проекти кои не беа предвидени, но произлегоа токму од разговорите со вас. Сега е време повторно да го слушнеме вашиот глас и да ги вклучиме вашите предлози во новиот буџет. Оваа средба е шанса да создадеме план кој ќе ги одрази вашите потреби и желби. Од срце ви благодарам за вашата доверба, поддршка и активност. Продолжуваме заедно, со уште поголема посветеност, да ја правиме Кисела Вода уште подобро место за живеење-заклучи градоначалникот Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

СВР-Битола апелира граѓаните утре да се воздржат од користење возила кон Пелистер

СВР-Битола во соопштение до јавноста упати апел до граѓаните утре да се воздржат од користење на сопствени возила доколку имаат намера да престојуваат во Националниот парк Пелистер.

Во пресрет на утрешната хуманитарна манифестација „Имам куќа на Пелистер“ што ја организира Јавната установа Национален парк „Пелистер“, од СВР Битола посочуваат да се користи бесплатниот автобуски превоз.

-Апелираме граѓаните да се воздржат од беспотребно користење на патничко моторни возила на патниот правец што води кон Пелистер бидејќи од страна на организаторот е обезбеден бесплатен автобуски превоз. Автобусите ќе поаѓаат во 10:15 часот од пред автобуските станици Атпазар, Шехерезада, Црн Мост, Довлеџик, Спортска сала, Болница и Нов пазар, а враќањето ќе биде во 15:30 часот. Сите учесници во сообраќајот да ги следат насоките на полициските службеници, соопштија од СВР Битола.

Од СВР Битола посочуваат дека и граѓани од околните градови, да го користат бесплатниот јавен превоз со цел да се избегне сообраќаен метеж.

Почина поранешниот англиски репрезентативец Истхам

 Џорџ Истхам, поранешниот фудбалски репрезентативец на Англија со која го Светското првенство во1966 година, почина на 89-годишна возраст, соопшти денеска неговиот поранешен клуб Стоук.

„Фудбалскиот клуб Стоук Сити е бескрајно тажен поради смртта на клупската легенда Џорџ Истхам. Тој ќе остане запаметен како човекот чиј гол ни донесе победа над Челзи во финалето на ФА Купот во 1972 година“, се вели во соопштението на поранешниот клуб на Истхам.

Во својата кариера, меѓу другото, играше и за Арсенал и Њукасл, а во 1973 година беше награден со Орден на Британската империја за придонес во фудбалот.

За англиската репрезентација Истхам одигра 19 натпревари.

притисни ентер