ИЈЗ: Регистрирани 73 заболени од грип

Во текот на изминатата недела (од 2 декември до 8 декември), пријавени се 73 заболени од грип.

Што е намалување за 33 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 109 заболени од грип, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, како што се истакнува, пристигнати се шест материјали за тестирање на грип. Сите тестирани материјали се негативни на присуство на вирусот на инфлуенца.

Бројот на пријавени лица изминатата недела споредено со истиот период минатата сезона (кога беа регистрирани 132 заболени) е намален за 44,7 отсто. Сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, посочуваат од Институтот за јавно здравје.

Најголем број случаи (41) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 15,5 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години.

Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје во Скопје (15), а највисока неделна инциденца (36 на 100.000 жители) е регистрирана во Подрачната единица во Дебар.

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 433. Од Институтот за јавно здравје препорачуваат граѓаните да се вакцинираат против грип, особено лицата на возраст над 65 години, децата на возраст од шест месеци до пет години, хронично болните, бремените жени и

здравствените работници.

Ковачки: Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена.

За два дена од денеска, во среда се гласа.

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво.

Затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.

Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните.

Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер