ИЈЗ: До 3 декември пристигнати 2.215 пријави за мали сипаници

Заклучно со 3 декември до Институтот за јавно здравје се пристигнати 2.215 пријави за мали сипаници. 

Во периодот од 19 октомври до 6 декември година, односно по пријавување на последниот лабораториски потврден случај на мали сипаници, пријавени се два сомнителни случаи на мали сипаници, кои по направеното епидемиолошко и лабораториско истражување се отфрлени, информираат од Институтот за јавно здравје.

Заклучно со 3 декември до Институтот за јавно здравје се пристигнати 2.215 пријави за мали сипаници. Вкупниот број случаи пријавени од декември 2018 заклучно со 6 декември, а кои ја исполнуваат дефиницијата на случај и се вбројуваат во вкупниот број заболени во епидемијата, изнесува 1.901, со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители.

Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, од кои највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Струга 165,1 на 100.000 (112 случаи), Куманово 162,6 на 100.000 (232) и Скопје 161,6 на 100.000 (998).

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 977 лица од машки пол и 924 лица од женски пол или сооднос машки –женски 1,1:1. Специфичниот морбидитет по пол кај машките е 94,3 на 100.000 жители, додека кај женските изнесува 89,5 на 100.000 жители

Возраста на заболените се движи од еден месец до 63 години. Најголем број заболени се на возраст над 30 години – 852 (44,8 отсто), а највисока инциденца од 1.399,1 на 100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година (327случаи, 17,2 отсто),а кај децата на возраст од една до четири години се регистрира инциденца од 307 на 100.000 жители (285 случаи, 15 отсто)

Според вакциналниот статус,1.530 или 80,5 отсто од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од нив, 327 (21,4 отсто) се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација.

Од пријавените случаи, 852 или 44,8 отсто биле хоспитализирани, а кај 302 (15,9 отсто) се регистрирани компликации. Докажан е генотипот B3 Dublin кој циркулира и во соседните држави.

Вкупниот број вакцинирани лица со МРП вакцина на возраст до 14 години, од почетокот на епидемијата до крајот на анализираниот период во државава изнесува 44.497./МИА

Пендаровски: Пред вас има две опции, едната што продолжува напред, другата да ве врати назад

Во овие пет години се трудев да бидам коректив на извршната власт и секој претседател на државата треба така да постапува, порача денеска од Желино, кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Пред вас има два концепта кои никако не се приближуваат. Јас и мојата опција сме за ваква Македонија каква што ја имаме со разбирање со меѓусебна почит, без меѓуетнички конфликти, другата опција е ризик за поделби и тензии, опција со која сигурно нема да просперираме“ порача Пендаровски.

Пендаровски изрази уверување дека најголем дел од гласовите кои завршија кај кандидатите кои испаднаа во првиот круг, во вториот круг ќе завршат кај него затоа што граѓаните препознаваат кој работи во нивен интерес.

Пред граѓаните Пендаровски побара поддршка во вориот круг, за да продолжи државата по вистинскиот пат, по патот на заедништвото, слогата и прогресот кон Европската Унија,се наведува во соопштението од неговиот тим.

Ја реновирале куќата и се шокирале: Под скалите нашле лавиринт од темни тунели (ВИДЕО)

Британската тиктокерка Ерин Клоди ги заинтригирала своите следбеници со низа снимки од нејзината куќа, каде наишла на неверојатно откритие.

Заедно со партнерот решила да го реновираат новиот дом, а потоа под скалите пронашле тајна соба и цел лавиринт од тунели.

Едноставно е неверојатно под станот на приземје да има мал простор со иста големина, а за него ништо да не се знаело, ниту пак било споменато во документацијата.

@erincloudy I bought a 200 year old flat and found a hidden door under the stairs 🙃 #fy #trending #fypage #fyp #hiddendoor #flat #restoration #buyingahouse #scary #haunted ♬ original sound - Erin Cloudy

Во една соба пронашла огромен древен камин и функционално осветлување, пишува Daily Mail.

Сепак, тоа не бил крајот на изненадувањата, бидејќи пронашле и мрежа од подземни тунели што водат до други темни простории, од кои некои имале пристап до улицата!

@erincloudy Guys im sorry im sorry!!! So my flat is ‘basement flat’ there has been no mention of anything underneath me, verbally or on the deeds. We were curious about storage under the stairs and decided to take a look. #flat #part2 #renovation #renovationproject #explore #fy #fyp #fightmilk ♬ original sound - Erin Cloudy

„На почетокот не се плашев, но сега сум исплашена. Сакам да знам која е целта на овие простории и зошто немаат врати со целосна големина“, рече Ерин.

@erincloudy Found some cool doors and a weird flue. Could be a damper. So now thinking maybe this was the kitchen? But then the bread oven upstairs? So confused! Any one know? #fy #fyp #fypage #building #project #flat #victorian #victorianhouse #fireplace ♬ original sound - Erin Cloudy

Корисниците на популарната платформа побарале од неа да им покаже снимки од зградата во која живее, што таа и го направила. Ерин додала дека нема поим за скриеното ниво.

„Сѐ се наоѓа под станот. Нема да можам да спијам нормално“, признала таа.

Покрај тунелите и скриените соби, таа открила и мал двор со запечатени прозорци и врати зад кои немало отвори - туку ѕидови од тули.

Мицкоски: Идната влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија

Убеден сум дека на 8 мај сите заедно ќе направиме уште еден чекор кон историјата и ќе донесеме толку убедлива победа што во македонскиот Парламент коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник.

Убеден сум дека на 8 мај сите заедно ќе направиме уште еден чекор кон историјата и ќе донесеме толку убедлива победа што во македонскиот Парламент коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, а иден претседател ќе биде Гордана Силјановска Давкова, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Брвеница.

Мицкоски истакна дека народот треба да се слуша и затоа ДУИ оди во опозиција и со тоа завршува една неславна ера на една политичка партија на политичката сцена во Македонија, неславна пред се за Албанците, но и за сите граѓани во Македонија.

- Повеќе од 22 години се утепаа од крадење, голтари влегоа во политика, а сега живеат како блискоисточни шеици во своите хациенди. Не може така и за тоа мора да има одговорност, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека семејствата на на блиски до челниците на ДУИ купуваат милионски имоти и и имаат милионски возни паркови, а народот нема леб да купи.

- Народот очекува резултати веднаш, свесен сум и тоа ќе го испорачаме, имаме план, програма, знаеме како и ќе испорачаме, веднаш почнуваме со агенда како да ги испорачаме резултатите, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека има политички партии кои на овие избори излегоа со свој кандидат кој се претставуваше како опозициски и бараше антивладини гласови и добија определен број гласови и сега активистите на тие партии се обраќаат кон граѓаните, зошто да гласате за ВМРО-ДПМНЕ, гласајте за нас, ние сме во коалиција со нив.

Тоа не е точно, тоа е манипулација и тоа е лага. Едно е само вистинито, идната влада ќе ја предводи коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, а иден претседател Гордана Силјановска Давкова. Тоа го прават затоа што се свесни дека немаат теортска шанса да се доближат до посериозен резултат и се обидуваат да добијат повеќе гласови за при формирање на идна влада да бараат лични работи. Затоа повикувам на обединување, околу бројот 2, изјави Мицкоски.

Мицкоски се обрати и до граѓаните кои останаа дома мислејќи дека така ги казнуваат политичарите мислејќи дека сите се исти.

Не сме сите исти, тоа го покажавме и докажавме, се разликуваме. Погледнете ги градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од ништо прават нешто. Имајќи предвид дека оваа влада на СДС и ДУИ сопре многу проекти, градоначалниците најдоа начин тоа што е ветено да е испорачано. Додека тие влегоа во политиката да го ограбуваат народот и државата, ние влегуваме да оставиме историска трага и генерациите ќе бидат горди, изјави Мицкоски,с е наведува во партиското соопштение.

притисни ентер